Имам чувство дека секој кој поседува одредено нешто, било да е телефон, кола, кондом или музичка гитара, слепо го брани својот избор, во страв да не биде исмеан ако каже дека погрешил во својот избор ...
Му се восхитувам на скромноста на Џиџи, кој јавно си рече дека згрешил со изборот на моторот на својата кола...
Имал свои причини заради кои избрал 1.4 мотор ...
Јас ја направив истата грешка со првата своја кола, имав средношколски мерак за ГТЦ, и првите 9.000 Е што ги заработав во мојот живот, ги дадов, и не жалам ...
Со тек на време сфатив дека ми треба појака кола...
Не барав баш турбо бензинец, ама сите ја знаете приказната со среќен крај, наречена Edition 30...
Еден апел до карклуберите, бидете стрпливи, провокатори од секогаш ке има, гледаат само како да им помине денот ...
Еден од нив тука на форумот, преку своите субјективни мислења, ги провоцира сите по ред, знаејки што ке биде во блиска иднина ...
Некогаш е тешко да се воздржите, ама ако го храните тролот, само поголем ке биде ...
Криво ми е што форумов од мирно пријателско место почна да преминува во место во кое секој брани свој став, а откако ке биде доволно испровоциран, помина на лични навреди и закани ...
Уште кога ке видам тема Honda VS Opel, знам што се збори без да ја отворам, со секоја чест на квалитетните постови кои се исклучок ...