Купив гармин од Сет со лајфтајм апдејт на мапи. Е сега, пошто гледам дека има доста тука а форумов кои користат гармин и се поупатени па ме интересира:
1. Дали ако ги симнам најновите мапи ко Зеро што направил и ги ставам во соодветното фолдерче на еЗде картицата, кога ќе го уштекам гарминот онлајн за да проверам на пример надградба на софтвер, ќе препознаат од гармин дека тоа не се официјалните мапи нивни и ќе ми даде грешка и со тоа да ја изгубам привилегијата за лајфтајм апдејт?
2. Дали тие отклучените мапи се исти како и мапите на официјалниот сајт на гармин или се подетални?
Прашувам затоа што ми се случи во МК на автопат каде на прав пат, без можности за исклучување лево или десно, ми даде гарминот да направам U-turn, што немаше никаква логика. Гласот ми е подесен на таа Хрватката со секси глас ама толку стана упорна за тој U-turn што ми идеше од прозор да го џитнам. Така да културно цепајќи 130 морав да застанам и тогаш сапрајз, искалкулира повторно и пак ме врати на истата рута. Се збунил у моментот.
Во БГ немав проблем со него по населените места ама во едно планинско место близу Ќустендил ме однесе скроз на погрешна страна.
Слично нешто му се случило на пријател кој отишол во Албанија и го однел на некое си место у три мички патерини каде што завршувал патот, немало веќе каде, а трганл човекот на море