еве и од мене нешто:
првово е пократко... волво Ѕ70 Т5 машина 2000 кубика и “околу“ 300 коња... забрзување од 20 до 110 онака, шалабајзерски, не спремно, driven by me
следеќо е пак од мене возено, само овој пат V70-ката,а на автопат од ниш накај скопје... ја открив златната финта, како да уќуткаш 4 жени у кола кога ќе почнат да кокодакаат за братучеди, фамилиии, предива, рецепти и слично... видете ја фацата на една од нив (околу 1:20), како загрижено буљи у шофершајбна и километражникот... ме заболе за ликот нејзин, туку ќутењето е PRICELESS во вакви ситуации... поготово што од погреб се враќав на стариот мој...
иначе, оваа ми е стандард брзина на возење по автопат... некако нај убава и удобна вожња има тогаш колава... дали потисокот на воздухот си го прави своето, а да потсетам дека тоа е кола тешка 1 тон и 800 кг...
што не би го рекол истото и за Ѕ70-ката која на пониска брзина го има тој ефект... негде на 140 е истиот ефект, со оглед дека се работи за 2 исти возила само едното е караван и послаб мотор а другото е седан со појак мотор...