Автор Тема: Ford Focus 1.5 Ecoboost  (Прочитано 33378 пати)

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Ford Focus 1.5 Ecoboost
« на: 08 Март 2018, 10:36:12 am »
Официјално да го претставам. После три месеци без кола и две недели активно пребарување по огласи, тест возења, конечно се мобилизирав повторно со кола. Во духот на дизелгејт забраните, турбо бензин. Во духот на мојата љубов кон Форд, марката која вечно губи пари и вредност, ама прави одлични коли за возење.  ;D ;D

Ford Focus 1.5 Ecoboost со 110kw/150ps и во ниво на опрема Титаниум. Не е фулллл опрема, ама има доволно џиџи-миџи по неа.
Старост: Прва Регистрација Април 2015. Произведен февруари 2015та.
Километри: Купен со 50 000 километри.
Купен од: официјален дилер на форд, и претходно има само еден сопственик. Јас сум втор.


Надвор:
- Magnetic Gray metallic со чуден минерален ефект во живо.
- ЛЕД дневни светла
- 16“ алуминиумски бандажи со Вектор 4С
- Парк-пилот систем насекаде (Паркира сам, многу е јако кога те паркира  ;D ;D)
- Quick-clear греење на предно стакло
- Затемнети прозорци од Б-столб.

Му фали:
- Сончев кров
- Поголеми бандажи
- Ксенон

Внатре:
- Платнени спортски седишта
- Греење на седишта
- Двозонска “инвертер“ клима
- Спортски, кожен мулти волан со греење, темпомат, лимитер, гласовни команди (кои работат одлично меѓудругото).
-  8 инчен Синк 2 систем со навигација (со известувања за сообраќајки/гужви/итн.), инфотејнмент, Bluetooth. Некои викаат дека е бавна и не осеќа допир. Но, кога ги притискаш копчињата како да се физички присутни одлично одговара и никогаш не е бавна или шашава. Едноставно не е стандарден тач скриин од телефон туку нешто друго. Навечер, воопшто не смета.
- 4-5 инчен мулти дисплеј меѓу обртомерот и километражата
- Лед амбиент осветлување

Му фали:
Алкантара седишта или кожа.


Импресии после 1000 километри со него. Сеуште не можам да му го фатам теркот на куплунгот ама се навикнувам. Моторот е многу жилав и се осеќа како да има повеќе кс отколку што ги има. Особено во трета/четврта на доубрзување е страшен. До 200 полни километража брзо. Крајна брзина не знам, немам тестирано, ама претпоставувам дека ќе се врти околу 215-220 по тахо. Маневар престигање доубрзување 3-4 секунди. Ако го споредам со мечето, тука некаде се на доубрзување, ама фокусчето ќе изгуби на крајна брзина или на гонење со брзини 180-220. Битно е што држи темпо на автопат 130-160 без око да му трепне. Внатре тивок, изолиран, и речиси никогаш не се слуша моторот. Вибрации, бука, ветер нема никакви. Седиштата многу удобни дури и за некој тркалезен како мене. Во кривини и како стои на пат му нема рамен. Споредено со поголеми и посилни коли. Воланот тежок како за електричен волан, и секогаш знам на каде ми се насочени предните гуми што е голем успех во денешното време на стерилно управување. Моторот, подвозјето, управувањето и кочниците се најдобрите нешта во неа.

Нешта кои не ми се допаѓаат:
Си има пластики по него. Сите што ги гледаш и допираш се меки. Тие подоле, се евтина тврда пластика.  Челикот/лимот некако тенок на допир, ама таков е кај сите од таа класа на возила. И да има повеќе КС (ама јас сум скржав да дадам повеќе пари). Праговите се пластични, и предните и задните браници малце се виткаат кога ги притискаш или мрдаш со рака. Ако не ги фаќаш, мрдаш нема ни да знаеш дека се такви затоа што се е добро склопено. Ама јас сум таков, фаќам се што има со раце, да видам како е што е, и се разочарам.
Друго, форд е, ќе губи вредност како луд.


Слики








И една од потрошувачката за последниот резервоар
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #1 на: 08 Март 2018, 10:40:00 am »
Премногу ми се допаѓа колава. Поготово во караван изведба. Ама твојава е правиот избор на возило, што ми се допаѓа до тој степен што и јас би го направил.

Едино, едино едно забелевче само имам за колава што нема фарови со лупа, за да можеш да си наштрафиш од Theretrofitsource комплетче. Другото е буквално совршено. Незнаеш колку ми се свиѓа.

Со здравје да си ја возите.

П.С. Ич да не се секираш за лимот. Тука кога беше градот имам познаник со Фокус ваков и нема ни едно дупче на него. А Е класа до него беше попара, Фиестата моја беше измавана со длапки.

П.П.С. Па и бојава магнетик, па, па, па... ептен по мерак.
« Последно менување: 08 Март 2018, 10:47:35 am Deni »

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #2 на: 08 Март 2018, 10:41:36 am »
Со здравје да се вози. Прекрасна кола си купил.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #3 на: 08 Март 2018, 10:46:18 am »
Прекрасно.

Ја обожавам муцката на колава :) Да не ми требаше поголем багажен простор, едно вакво во СТ верзија со ќеиф би пазарел.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #4 на: 08 Март 2018, 10:46:45 am »
Честитки Лукашине, многу безгрижни километри ти посакувам!!!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #5 на: 08 Март 2018, 10:47:03 am »
Ајде и тука да честитам :)

Со здравје да се вози! Бувнете една тест вожња наваму ;)

П.С. Биваше со Алди папуча да сликаш бе? :D :D :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #6 на: 08 Март 2018, 10:47:27 am »
Neka je sa srechom :)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #7 на: 08 Март 2018, 10:49:42 am »
Убоо, пристојно, со здравје да си го возиш, за убоо да е. Не сум некој фан на Форд (освен Мустанг), ама штом ти велиш дека го бива, ти вервам, чесен збор.
Не се лоши седиштата и вакви. Ми се допаѓа моментот со паркирањето :)
Уште еднаш, со здравје да си уживаш/уживате во вожњата.

П.С. Него мене малце незгодно ми е, ама ќе прашам... влечки како твојте број 42 дали има и колку би коштало шипинг до насело кај мене?

П.П.С. Дури сум пишел, Веле и марката ја наведил, убаа марка за тамошните пазари, позната?

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #8 на: 08 Март 2018, 10:57:18 am »
Сеуште не можам да му го фатам теркот на куплунгот ама се навикнувам.
Дека со папучи го возиш. Се шалам.
Одличен избор и со здравје да си го возиш, скоро гледав и јас нешто вакво за мене. Ме интересира со потрошувачка како стои моментално.
Зини да ти кажу.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1221
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #9 на: 08 Март 2018, 11:00:35 am »
Топ кола и топ потрошувачка. Од турбо бензинци само на форд верувам. Она во опел не ми се верува дека е ТБ

И јас бев загреан по колава ама СТ. Ама само една две имаше во мида и ги шитнаа одма

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6477
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #10 на: 08 Март 2018, 11:04:47 am »
Убаво количе да те служи долго и без никакви проблеми. Најдобро по мене од опремава е греење на предно стакло, огромен благодет и многу корисно! Многу многу не се замарај што нема ксенон или би-лед.

А и моторов е одличен избор.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #11 на: 08 Март 2018, 11:14:29 am »
Бјутифул! Браво за изборот. И мотор, и боја и све. Таман.

Со здравје да се вози,  долго да служи.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #12 на: 08 Март 2018, 11:15:39 am »
Со здравје да се вози, одлична боја!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #13 на: 08 Март 2018, 11:25:44 am »
Одличен избор Луки! И јас би сакал 17-ки и ксенончиња за сликата да биде комплетна, ама и без тоа - многу, многу, многу добар избор!

Куплунгот и мене ми бил малку чуден на Фокусите. Памтам дека првиот ваков Фокус (пред фејслифт) кога го возев имаше „каснење“ на папучата - односно, ако брзо ја тргнам ногата, како да остануваше „залепена“ доле некој дел од секунда, па после тоа се пушташе.

Уживај во секоја минута и секоја кривина!

Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #14 на: 08 Март 2018, 11:32:16 am »
Честитки Луки,  ти посакувам многу убави моменти и многу безгрижни километри со Фокусов!!!