Здраво дечки, мал упдејт..додека се пишуваше во темава конечно ми се појави сигнализација за кочниците.
Сменети предни дискови и плочки, балансирани и монтирани летни гуми и му удрив квалитетно перење за добар старт на пролетта, кој моментално и не е баш толку добар :С




Е сега, напишав тука дека ми се појави традиционалниот звук со ланчето на околу 13Х к км..Бидејќи имам приватна гаранција на мотор и менувач и поради мирна душа, го однесов во овластен сервис и променија се што треба и не треба..финалната сметка беше доста дебела...
Сегашно време, после 7 месеци од поправката и поминати 10к км, проблемот се појави повторно, иако таму ме уверија дека овој проблем не би требало више да се појави до крај на животниот век на моторот. Деновиве голфов ми е на сервис во друг официјален сервисер во швајцарија(бидејќи се преселив на друго место) со пола делови од моторот извадени и после долга дијагностика воочено е дека шупаците (не сакам да ги наречам мајстори) од претходниот официјален сервис заборавиле да стегнат некој дел (мислам некој од затегачите околу ланчето, што придонесло на ладен мотор да не ја придвижува брегастата или како и да е) доволно при што резултирало со повторна луфта во пределот на ланчето...
Сакам само да истакнам дека и во Швајцарија во овластен импортер и сервисер (нешто како Порше што е во МК) се случуваат непрофесионални работи.
Моментално спремам дебела документација со помош од сегашниов сервис (со видео и писмени докази) со цел да ги натерам да ги подмират сите трошоци поради нивната грешка. До сега комуникацијата е во ред, но ќе видиме што ќе испадне на крај. Единствениот негативен федбак што го имам е дека не ми даваат друго возило да користам додека не се утврди дека е нивна штета.
Искрено, цело време возам голфови и ги обожавам како возила, но вакви искуства само ме оддалечуваат од брендот за кој досега сум имал позитивни искуства.
Некои тамошни слики

