Автор Тема: Hyundai Elantra MD - GLS 1.6 MPI  (Прочитано 48688 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Hyundai Elantra MD - GLS 1.6 MPI
« на: 25 Февруари 2015, 20:05:09 pm »
Еве како што е редот да го представам новиот член од семејството.  ;D
Станува збор за Hyundai Elantra GLS 1.6 MPI -MD - 2015 година на производство :)
Да почнам со опремата. Поточно станува збор за пакетот Style кој практично е највисоко ниво на опрема што се продава кај нас Style.

- Мануелен 6 степен менувач
- Подесиви фарови
- Тонирани стакла
- Деллива задна клупа
- Воздушни перници х 4
- Воздушни завеси
- Електрика на сите стакла
- Електрика и греење на ретровизор
- Кожен волан и кожена рачка за менувач
- CDMP3 + USB + iPod приклучок
- Команди на волан за радио
- Возачко седиште подесиво по висина
- Патен компјутер
- Централна брава
- Далечинско отклучување
- Аларм
- Антена во стакло
- АВЅ+EBD+TCS+ЕЅР
- Диск сопирачки напред и позади
- Кваки во боја на каросерија
- Хром пакет (лајсни околу прозорците)
- Светла за магла
- Автоматски клима уред (климатроник)
- Серво управувач со висинско и длабинско подесување
- Сензори за дожд
- Резервна гума со алуминиумскa фелнa
- 16’’ фелни со 205/55 гуми
- Паркинг сензори
- Темпомат - круз контрола

Како што претходно реков, колата има мотор од 1591 cm и 97kW (132 HP).
Кодната ознака на моторот е G4FG, односно 1.6 Gamma II MPi. По каталог овој мотор ги има следните карактеристики: 132 PS (97 kW; 130 hp)@6300, 16.0 kg·m (157 N·m; 116 lbf·ft)@4850.

Боја, Creamy White YAC.

Масата на празно возило по каталог изнесува 1236 - 1307 килограми.
Меѓуоскино растојание: 2700 mm.
Максимална брзина 200 km/h.
Забрзување од 0-100 km/h   за 10,7sec.
Потрошувачка во град: 8,4 л
Потрошувачка на отворено: 5,2 л
Комбинирана потрошувачка: 6,4 л

Првичните импресии од возилото се одлични. Моторот работи баш онака како што очекував. Тивко и претивко. На семафор ако не гледаш во обртомерот нема да знаеш дали е или не е запалена.  ;D
Благорадение на двојната торзиона осовина поткрепена со гасни амортизери, вожњата е фантастична.
За разлика од претходните модели на елантрата, за која што слушав доста муабети дека била многу мека позади, оваа од 2015 година претрпела мали промени и тоа таканаречено пливање и чувство на нестабилност воопшто не го осетив за километрите кои можев да ги поминам.
Управливоста бладодарение на MDPS (Мotor Driven Power Steering) во услови на градско возење е едноставно прекрасна.
Менувачот е прецизен, без никакви замерки, командите се соодветно поставени и многу едноставни за користење.
Колата е релативно долга, заради дизајнот кој го има, па е малку незгодна за возење во рикверц. Со малку пракса и тоа ке стане релативно едноставно. Тука како асистенција ги имаме и паркинг сензорите.
Со еден збор, јас сум презадоволен од возилото до сега.
Гаранција од 5 години и целосна грижа на пат.

Голема благодарност до @Bu$aV MeGaNe  и @Dando кој ја имаа честа да и направат сефте на колата и да ја светнат како што доликува. Секоја чест на дечките и огромен поздрав за нив :)
За жал во Кореа Ауто Трејд немаше оригинални патосници, па фино лепо се провозев до Самад (@Samco) , каде што си набавив оригинални со одличен попуст. Голем поздрав и до нив.

Еве неколку фотки направени набрзина и пред стемнување.
Да наместам таблици и да начекам убав ден ке направам уште некоја фотка.















New Thinking, New Possibilities.  ;)
« Последно менување: 15 Март 2015, 19:51:58 pm SaleSk »
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Hyundai Elantra GLS 1.6 MPI - MD
« Одговори #1 на: 25 Февруари 2015, 20:11:04 pm »
Cestito novata kola, so zdravje da se vozi I dolgo da te sluzi...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Hyundai Elantra GLS 1.6 MPI - MD
« Одговори #2 на: 25 Февруари 2015, 20:11:34 pm »
Aaaaa браво.. ново си е ново!  :D
Со здравје да си ја возите, многу безгрижни километри  :)

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Hyundai Elantra GLS 1.6 MPI - MD
« Одговори #3 на: 25 Февруари 2015, 20:11:56 pm »
Честитки, потсвесно ти дојде да ја браниш белата а? :D

Нема сомнеж дека ќе те служи прекрасно. :)
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Hyundai Elantra GLS 1.6 MPI - MD
« Одговори #4 на: 25 Февруари 2015, 20:15:54 pm »
Ајде Салее аирлија нека е! :) :) :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Hyundai Elantra GLS 1.6 MPI - MD
« Одговори #5 на: 25 Февруари 2015, 20:19:19 pm »
Аирлија нека е Сале, многу безгрижни километри!!! Колава е вистинска лепотица, блазе си ти - ќе му се изнавозиш ;D Поздрав до тебе и дома, па наврати да ја ѕирнеме од поблиску ;)

Отсутен Nino-

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 458
  • Ultimate driving experience
Одг: Hyundai Elantra GLS 1.6 MPI - MD
« Одговори #6 на: 25 Февруари 2015, 20:20:23 pm »
Со убаво да си ја возиш, многу безгрижни километри :)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5192
  • Пиши лаже
Одг: Hyundai Elantra GLS 1.6 MPI - MD
« Одговори #7 на: 25 Февруари 2015, 20:20:39 pm »
Честито нека е Сале, со здравје да се вози. Многу убаво количе!
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Hyundai Elantra GLS 1.6 MPI - MD
« Одговори #8 на: 25 Февруари 2015, 20:26:18 pm »
Со среќа нека е Сале, долго да те служи без никакви проблеми :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3176
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Hyundai Elantra GLS 1.6 MPI - MD
« Одговори #9 на: 25 Февруари 2015, 20:31:57 pm »
so sreka da se vozi mnogu bezgrizni kilometri i edno GOLEMO  bravo sto me poslusa  ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Hyundai Elantra GLS 1.6 MPI - MD
« Одговори #10 на: 25 Февруари 2015, 20:33:17 pm »
Честито! Глеам од прв ден си го доловил чувството на гумен чамец со гумени патосници. ;D

Со среќа да си ја возиш, фамилијарно да си ужувате и многу далечни места со колава да видите. :)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Hyundai Elantra GLS 1.6 MPI - MD
« Одговори #11 на: 25 Февруари 2015, 20:49:20 pm »
Со здравје да се вози!

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Re: Hyundai Elantra GLS 1.6 MPI - MD
« Одговори #12 на: 25 Февруари 2015, 20:50:22 pm »
Sale so zdravje i so ubavo da si ja vozis,odlicen izbor.Ovie bandazi se odlicni za zimski gumi a dobro ke i dojdat edni 17ki za letni.
Golema kola si bara golem bandaz.

Ja ti ja probav malku niz peralna;)

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Hyundai Elantra GLS 1.6 MPI - MD
« Одговори #13 на: 25 Февруари 2015, 20:50:58 pm »
Убаво количе, со среќа да се вози, многу безгрижни километри да и направиш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Hyundai Elantra GLS 1.6 MPI - MD
« Одговори #14 на: 25 Февруари 2015, 20:53:38 pm »
Со среќа да си ја возиш.