Автор Тема: Промена на мотор на возилото  (Прочитано 30716 пати)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43715
  • Il Moderatore
Промена на мотор на возилото
« на: 30 Јануари 2014, 19:51:33 pm »
Ме интересира што законски треба да се превземе, за возилото да си биде законско,  при промена на мотор и тоа во следниве ситуации:

1. Промена на ист тип и иста зафатнина и иста снага (на пример цркнал мотор, го менувам со ист таков);
2. Промена на различен тип, кој се вградувал во истото возило (на пример сум нашол појак мотор кој се вградувал во стило и сакам да го сменам);
3. Промена на мотор од различен производител (на пример, имаш лада нива 1.7, и и` ставаш 1.9сди од кордоба)

Што треба да се направи, кај да се појде и колку чини легализирањето на друг мотор?


 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #1 на: 30 Јануари 2014, 19:56:28 pm »
Класика А-тест. :) Знам дека мооооооожно е да замараат ако моторот е појак, дека е потребно засилување... Ама тоа е како ќе ти се погоди.

http://www.vozila.mf.edu.mk/Usluga3-More.html

10.   на кое е променет матично, односно претходно вградениот погонски мотор со мотор од друг вид или тип, или со мотор кој има други карактеристики (силина, или работна зафатнина, или еколошки параметри итн.

11.   на кое е променет матично, односно претходно вградениот погонски мотор со поединечно составен мотор од поединечно набавени елементи и уреди;


денес и последната прикаска од промена во бензин на дизел во звтомобил е завршена, а тоа е АТЕСТ на моторт... чисто за да влезе во евиденција колку и како и секако што е потребно еве го редоследот:

-технички преглед, да востановат дека имаш друг мотор, со сериски број и тип
-уплатница од банка на таксени марки, и услугата на техничкиот
-упат ДО МВР од технички преглед
-МВР шалтер бр.3, па шалтер бр. 1 за упат за на атест (бираш каде сакаш на атест сам).
-уплатница со таксени марки+услугата на МВР
-атест. јас го правев во АМСМ во север, до порше македонија
-плаќаш за атестот
-фершпед или било каде кај што имаат царинска вага, мораш да ја мериш колата со 90% наполнет резервоар, и да донесеш нивни документ ЗА МАСА НА ПРАЗНО ВОЗИЛО. ова се плаќа кеш и е евтино.
-пак се враќаш да ти го дадат конечниот документ од атестот
-повторно на технички да ти заверат тоа папирчето зелено, заедно со атетсот.
-МВР на промена на сообраќајната со новите податоци

се на се околу 150 евра кошта овој “подвиг“... подвиг е зашто се растретев од трчање, а се пројде од прва.. што ако за само 2 работи ме вратеа по еднаш-двапати? тогаш ке беше ХЕРОЈСКИ подвиг :)

инаку ниту една замерка немаше од комисијата за атест, па нели и од прва си поминав... испосликаа се што е направено, сите држачи, дури и сијаличките за греачи ми ги бараа да ги сликаат. на канал ово оно.. броеви на шасија, броеви на мотор бла бла бла... од документи ја бараа на увид оригиналната сообраќајна, копија од истата (за моторот зборам) и договор за купопродажба на истиот...  ми беше објаснето и дека со фактура за мотор се завршува работа... ова за сите мотори важи. да се избрише празниот муабет дека ке направиш атест само со копија од сообраќајна... да моторот е потрошен материјал, но никако неможе да го смениш бројот ако немаш доказ за сопственост... само ист мотор ако се мења може со сообраќајна-копија...

она што е сменето од порано е дека се бараше на увид оригиналната сообраќајна од моторот.. сега не треба тоа...


ПРОЕКТОТ ЗАВРШЕН ВО ЦЕЛОСТ... фала многу, пријатно :)



Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #2 на: 30 Јануари 2014, 19:58:24 pm »
За првата точка не треба атест, за останатите 2 точки треба атест.
Незнам кој друг освен машински прави атест за промена на мотор, но кај соколов ѕрцките ке ти испаднат. Зашто овде штрафчињата не се исти ? Зашто карбураторот иако е од тој производител, носи половина сантим пошироко грло ? Зошто ставаш босна свекици наместо НКГ ? И слични такви глупави работи.

Нас не вракаше ради карбураторот. Нашиот карбуратор имаше ознака Solex 35, а во книгата пишувало дека треба да има назив 30/35 и мораше да бараме карбуратор со таква ознака.

Иначе и на колега таткоми имал интересна случка порано пред повеке години, сакал да стави на својот голф 1 дизел мотор, да го преправи и кога го однеле на машински, соколов му побарал да му отвори глава на мотор, да се уверел таму незнам за што и колегата се откажал од менување на моторот.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43715
  • Il Moderatore
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #3 на: 30 Јануари 2014, 20:00:46 pm »
Ако не менуваш тип на мотор, туку е од ист тип и модел, баш ништо не треба? Бројот на моторот го пријавуваш некаде?


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #4 на: 30 Јануари 2014, 20:03:56 pm »
Зборам за атест, дека не треба да се оди на машински да се утврдува оти си ставил послаб/појак мотор.
Најверојатно на технички преглед ке отидиш, таму се ке заверат.
Пред 2 години членот The Ghost менуваа мотор на калос, ставија ист 1.4 мотор, само во псс го однесоа, таму го виделе, ставиле печат и толку, така знам.

Се секавам дека ние кога менувавме мотор, на технички, но и на машински ни кажаа дека ако најдеме мотор со иста работна зафатнина и сила, немора атест, но тоа беше тешко пошто нашата кола носи различен мотор, работната зафатнина му беше 1256 cm3 и 43 kw сила.
Најјакиот мотор тогаш што го најдовме беше 1196 cm3 и 38 kw од опел.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #5 на: 30 Јануари 2014, 20:44:59 pm »
Ако не менуваш тип на мотор, туку е од ист тип и модел, баш ништо не треба? Бројот на моторот го пријавуваш некаде?


со сообраќајната од новиот мотор или копија од сообраќајната од него и од колата идеш на технички да востановат нов мотор, па на шалтер на мвр и чао.  а ако немаш сообраќајна покомплицирано е. ке идеш прво да востановат нов мотор, па на машински да ти потврдат дека е ист моторот па во полиција на мењање сообраќајна.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14290
  • Пудингот на шоферството
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #6 на: 30 Јануари 2014, 21:07:30 pm »
Ако има моторот плочка со бројки,се ја ставаш старата на новиот мотор и ни меверето ни машинскиот го посетуваш. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43715
  • Il Moderatore
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #7 на: 30 Јануари 2014, 21:14:21 pm »
хаха :) Немаат бе овие фиат-овиве, сите се утиснати.. :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14290
  • Пудингот на шоферството
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #8 на: 30 Јануари 2014, 21:17:30 pm »
Поновите,а и новите сите се втиснати,постарите претежно беа пличка,2 нитни чао џаци.
Јас коа го ставив овај мотор на 5-та(1.4) пред тоа имав земено еден 1.1 и првиот шо беше на него 1.1 и ми се измешаа бројките.
Ги наместив бројките од вториот 1.1 наместо од првиот 1.1.И на технички ми велат абе овие бројките немаат врска со сообраќајната.
Ахм,се вратив до кај механичарот,ги наместивме тие шо треба и пак на технички. :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43715
  • Il Moderatore
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #9 на: 30 Јануари 2014, 21:18:59 pm »
Добро, значи генерално нема проблеми да ставам В6 од Алфа во Стилото... :) Тоа ми беше поентата на прашањава :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14290
  • Пудингот на шоферството
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #10 на: 30 Јануари 2014, 21:19:50 pm »
Ако си сериозен во намерата,најпрво информирај се,пошо можиш да се окозиш дур го атестираш.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #11 на: 30 Јануари 2014, 21:37:32 pm »
При ставање на појак мотор мораш да промениш т.е ќе ти бараат да промениш многу работи
1. Појачување на шасија со дополнителни варови
2. Промена на кочници
3. Промена на подвозје
4. Промена на издувен систем
овие се некои од побитните работи кои мене ми ги кажаа кога бев на машински
нормално јас све ова имам го имам направено кај мене, па после тоа ми рекоа треба да се направи елаборат одбајснето со слики
елаборатот го пишував до брзо али го баталив пошто ми кажаа што и да направам нема да ми дадат атест и дека најверојатно нема да можам да ја регистрирам колата ако ми ја упишат во систем
Па ради тоа не планирам да идам :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #12 на: 30 Јануари 2014, 21:40:11 pm »
Ама колку појак мотор ? Ако возам голф тди 90 коња и ми зариба, па најдам тди 110 коња, ке треба подвозје, кочници и појачување на каросерија ?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14290
  • Пудингот на шоферството
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #13 на: 30 Јануари 2014, 21:44:26 pm »
Не би требало,ама пак атест ке треба да правиш(да платиш се разбира),е сеа шо ке им текни да преправаш кој знае.А може и лесно да поминиш...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43715
  • Il Moderatore
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #14 на: 30 Јануари 2014, 21:47:12 pm »
@Пецони, a што ако не се надмине фабрички најсилната варијанта на тој модел? Да речеме 166 135кс и 250кс имаат иста каросерија, исто подвозје исти варови? За кочници не е проблем, лесно се решава тоа Стило 1.2 80кс и Стило 2.4 170кс имаат исти елементи на подвозје, иста шасија на исти места варени...
За кочници, ај некако ќе разберам, иако и тоа е дискутабилно. Како ќе одредат што се појаки кочници? По кој параметар? Некогаш е доволно само дискови и плочки со подобра компонента да сменам и да имам 15-20% поголема сила на кочење.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.