Иако ова беше новина пред нешто повеќе од една година, и во меѓувреме во плимонт вградивме поголем број на ,,Omegas direct” уреди, сепак евидентно е дека има потреба за подобра информираност на сопствениците на автомобили со директно вбризгување на гориво.
Во досегашната пракса најчесто се вградуваа плински уреди во FSI и TSI моторите на групацијата VW (Volkswagen, Audi,Seat,Skoda), нејчести варијанти на мотори се 1.4 TSI и 2.0 FSI.
,,Omegas direct” уредите во однос на возни својства , издржливост и потреба од сервисни интервенции покажаа исти карактеристики како и останатите стандардни уреди на компанијата ,,Landi Renzo”. Нема забележани проблеми во нивното функционирање и нема појава на негативни ефекти врз самите возила.
За разлика од конверзијата кај стандардните ,,MPI” мотори, кај моторите со директно вбризгување има два нови моменти:
(1) Специфика на плинските уреди кои се наменети за вградување во возила со директно вбризгување е што се произведуваат како посебна варијанта за определен тип на мотор, што претставува копликација за поседување на лагер од уреди за секој тип на мотор.
Плимонт направи напор да обезбеди плински уреди за повеќето типови на мотори со директно вбризгување, договори брза мрежа на достава на уредите кои ги немаме на лагер, со што всушност го отвори пазарот за сериско конвертирање на овие возила на плински погон.
Најголемиот број на возила со директно вбризгување кои сега се најавуваат за конвертирање на плински погон во можност сме веднаш да ги услужиме. За моделите за кои е потребно да се нарача уред, за испорака се чека до 7 дена. Во ретки случаи кога потребниот уред го нема на лагер ниту кај производителот се чека до 30 дена.
(2) Специфичност е што моторите со директно вбризгување по конвертирањето на плински погон ќе работи плин со контролирано вбризгување од 8 до 18 % на бензин (split-fuel). Причината е веќе општо позната, не смее да се искључи вбризгувањето на бензин, за да не дојде до прегревање на бензинските инјектори. Голем дел од прашањата на клиентите се однесува на овој момент, поради калкулирање на исплативоста и времетраењето на повраток на инвестицијата. Од нашето досегашно следење, во пракса возилата трошат до 12% проценти бензин. Ретки се случаите кај кои потрошувачката на бензин е во висина од 18% како што се ,,ecoboost” моторите на форд, и возилата кај кои заради нередовно одржување или амортизираност на моторот заради голема бројка на поминати километри мора да се калибрираат на ниските вртежи (лер гас), да работат на бензин.
Мора да се нагласи дека се работи за вградување на плински уред во мотор со директно вбризгување, кој во основа е многу покомплексен мотор во споредба со класичниот ,,MPI” бензински мотор, и кој бара прецизно почитување на процедурите за одржување и сервисирање (со оргинални резервни делови и со оргинална сервисна апаратура) пропишани од страна на производителот. Ова е важно за да се избегне поголемо учество (од 18%) на бензин во вкупната потрошувачка на гориво. Во таа насока од голема корист е соработката на плимонт со Порше Македонија.
Голема благодарност за подршката која ја имаме од страна на сервисниот тим на Порше уште од самиот старт на нашата програма за FSI и TSI возила, нивната стручност и подготвеност да ни излезат во пресрет. Audi 1.8 tfsi:
Seat 1.4 tsi:
Skoda 2.0 FSI:
Skoda 1.2 TSI:
Volkswagen 2.0 FSI:
Volkswagen 1.4 TSI: