Се работи за една голема мана на Alfa Romeo 145/146 pre-facelift моделите (нели освен што е Alfa), каде што брисачите, во фабричка форма се фиксни, поточно не е можно да им се сменат метлици, туку само гумици. Со 17 години дрнкање и стоење на сонце, пластиките што се грижат за налегнување на гумиците на ветробранското стакло испукаа и се скршија, со што видливоста при дождливо време беше сведена на 3%.
Мислејќи долго време како да го решам проблемот, ми текна да набавам брисачи со стандардизиран врв, на кој се менуваат метлици, и да ги спојам со моите. Па, да почнеме.
Потребни алати, конкретно за ова возило:
1. Штрафцигер со рамна глава (за вадење на капачето што го покира штрафот).
2. Клуч 13ка
3. Бугарски клуч како што го вика татко ми, или чекан на нашки.
4. Бонсек пила за сечење метал.
5. Четкичка и малце црна боја.
6. Метро и маркер за мерење и бележење.
Пред фотографија на „донор“ брисачите:
Мериме со метлиците, да дојдат точно на местото на старите брисачи:
Го отстрануваме капачето:
Го одвртуваме штрафот, потоа безбедно го складираме заедно со шајбничката под него:
Сечеме со пила:
После заигрува бугарскиот клуч (чеканот):
Па малку боичка:
И монтажа по обратен редослед (од монтажа и работа моментално немам слики зошто ми се стемни). Ќе сликнеме утре за да ја дополнам темата.