Дечки, наредниот настан кој ќе го организираме е возење до манастирот Свети Јоаким Осоговски, во (или покрај, сеедно) Крива Паланка. Откако минатиот пат имавме луѓе што мрчеа (Ели, гледам во твоја насока), овој настан ќе се одржи во недела!
Како и за минатиот пат, и за овој пат важат истите детали:
Ден: 26.06.2011 (Недела!)
Собирање: 09:30-10:00
Место: Пред спортската сала Борис Трајковски во Скопје
Тргнување: 10:00
Правила на однесување:
- Ќе возиме во колона.
- Ќе се движиме според дозволените брзини и условите на патот. Нема летање.
- Поентата е да се движиме заедно и да стигнеме заедно.
- Секој е одговорен за своите постапки.
- Секој си ги сноси трошоците.
Како и минатиот пат, би ги замолил сите оние што ќе доаѓаат да се пријават, за да знаеме некаква бројка на луѓе што би дошле, и да знаеме колку луѓе/коли да очекуваме.