Мрежите што ги имам јас не се со магнети, туку имаат мали делчиња кои служат како држачи за рамката од вратата.
Јас ги имам или овие или слични на нив.
Можам да ги препорачам, пружаат доволно заштита, можеби и иста или слична како и фолиите. Децава се возат позади, не се жалат дека им смета сонцето. Ако ти скурчат, можеш да ги извадиш релативно лесно, за разлика од фолиите.
Најбитната работа кај овие е што нема предни. А тие се најбитни зошто напред не може фолии сега по ново.
И останува напред да се оди со магнети или со хулахопките.
Јас имам со магнети ама нема метал на колата за да се закачат. Ама си стојат со прозорецот, или ставени со отворена врата па затворена. Ама ако ги истегне некој може да зезне кедер. До сега еднаш сум ги употребил (за напред зборувам нормално)
А оние православните што ги има од векот си се решение, си ги лепиш со лепенчето напред или пасуваат кнап од горе до доле на прозорот и си вршат работа 200%.
Тоа е реалноста. За позади е најмал проблем, ќе си затемниш со фолии, плус и завеси и готово.