Автор Тема: Затемнување на прозорци - Клима Фолии  (Прочитано 186198 пати)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: klima folii
« Одговори #240 на: 02 Септември 2015, 21:43:39 pm »
Некој да ми кажи моментално како е законот ? Колку % смееш за да ти атестираат ? Може нешто со врски да се извади дека сите стакла се атестирани..
Прашував денеска ми побараа 3000 денари за сите 5 стакла со квалитетна фолија, што не ми е скапо.. Ама сега не знам за предните што ќе биди..
Назад планирам 80% а напред 50...

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: klima folii
« Одговори #241 на: 03 Септември 2015, 00:28:42 am »
Џабе ти е и да ти пишат дека се сите атестирани, не знам дали некој би сакал така да ти пише ако не си исправен, ако си по закон можеби ќе ти пишат, па дури и проценти пишуваат така. Зошто вика џабе, некогаш кога ќе решат да пишуваат казни за фолии носат апаратчиња за мерење со нив, ќе ти измерат и шо праиме? Не можеш да се потпираш на станицата за технички и на атестот бидејќи многу е едноставно, ќе речат прелепил, кога ние меревме беа толку и толку.

Напред е дозволено 30% затемнување, односно кога со апартчето ќе измери треба да има околу 70% провидност од надвор, до 5% на пример ако е 65 толерираат ама веќе под тоа тешко.

Назад не сум сигурен дали има лимит.

Мој совет напрај ги сите со 50% фолија, ако најдеш посветла од таа за напред арно ако не сите така. Не се многу темни и не би требало да имаш проблем.

Добро е да измериш без фолии и да видиш дали има фабричко затемнување, за да знаеш. Бидејќи да речеме еве кај мене, околу 17% се фабрички, фолијата 50ка тоа колку е? 67 затемнетост, или само 33% провидност.

Иначе атест може да се направи тоа е не никаков проблем, ама тоа е за мачкање очи, да речеме на некој начин си ,, поисправен'' од оние без атест но ако си над 30% напред недај боже можеш да го јадеш.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: klima folii
« Одговори #242 на: 03 Септември 2015, 00:29:26 am »
Имаш наназад во темава но еве повторно. Согласно соодветните законски норми предните стакла можеш да ги затемниш до 30%, задните бочни и задното стакло до 100% доколку имаш два ретровизора, притоа не смее да се стават огледални фолии.
Во врска со второто прашање доколку ги затемнуваш стаклата во законски дозволените рамки не ти требаат врски, ќе си добиеш А Тест без проблем.  Доколку се одлучиш пример предните стакла да ги затемниш повеќе од дозволените 30% тогаш можеш преку врски во зависнот од тоа каде ќе го правиш А Тестот да добиеш А Тест кој што ќе ти биде впишан во сообраќајната но ризикуваш да бидеш запрен од некој терсене жацо кој стапот не го боли кој си и што ти пишува во сообраќајната доколку се посомнева дека стаклата се затемнети повеќе од што треба и да те упати на вонреден технички преглед. Ако при тој вонреден технички преглед се утврди дека жацото е во право, ќе донираш во буџетот на РМ во износ на казната и плус ќе си го платиш трошокот за техничкиот преглед и ќе мора да ги извадиш фолиите.

Јас моите фолии кога ги ставав го прашав дечкото што ги ставаше дали може да се среди на Технички за А Тест доколку се одлучам за затемнување на предните стакла за повеќе од 30%. Тој ми рече дека не  е проблем дека он може тоа да го среди, си има луѓе таму и си има дил со нив. Се работи за Крива Паланка.

Пишав некаде претходно во темева, колку што видов во законот никаде ме пишува дека мора да се прави А Тест за фолии доколку се затемнуваат само задните стакла макар биле затемнети и до 100% доколку колата има два ретровизора. Ако грешам поупатените или некој од адвокатскава фела молам нека ме исправи.

Едит: Не видов дека и Александер пишал.

Милиционерите не носат уствари не носеа порано од апаратчињата за мерење на затемнетост на стаклата, тие упатуваат на вонреден технички преглед освен ако нешто не се сменило.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: klima folii
« Одговори #243 на: 03 Септември 2015, 00:51:48 am »

Баш и мене ме интересира дали треба а-тест ако се затемнети само задните?
« Последно менување: 03 Септември 2015, 01:14:28 am Drive-r »

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: klima folii
« Одговори #244 на: 03 Септември 2015, 01:09:38 am »
treba

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: klima folii
« Одговори #245 на: 03 Септември 2015, 01:11:34 am »
зашто треба? објасни малце подетално.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: klima folii
« Одговори #246 на: 03 Септември 2015, 01:12:35 am »
Нема логика за задни бидејќи можеш мах да ги затемниш.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: klima folii
« Одговори #247 на: 03 Септември 2015, 01:14:09 am »
под услов да имаш два ретровизора, што секоја кола денес ги има.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: klima folii
« Одговори #248 на: 03 Септември 2015, 01:15:06 am »
Баш така.


Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: klima folii
« Одговори #249 на: 03 Септември 2015, 01:54:43 am »
Имаш наназад во темава но еве повторно. Согласно соодветните законски норми предните стакла можеш да ги затемниш до 30%, задните бочни и задното стакло до 100% доколку имаш два ретровизора, притоа не смее да се стават огледални фолии.
Во врска со второто прашање доколку ги затемнуваш стаклата во законски дозволените рамки не ти требаат врски, ќе си добиеш А Тест без проблем.  Доколку се одлучиш пример предните стакла да ги затемниш повеќе од дозволените 30% тогаш можеш преку врски во зависнот од тоа каде ќе го правиш А Тестот да добиеш А Тест кој што ќе ти биде впишан во сообраќајната но ризикуваш да бидеш запрен од некој терсене жацо кој стапот не го боли кој си и што ти пишува во сообраќајната доколку се посомнева дека стаклата се затемнети повеќе од што треба и да те упати на вонреден технички преглед. Ако при тој вонреден технички преглед се утврди дека жацото е во право, ќе донираш во буџетот на РМ во износ на казната и плус ќе си го платиш трошокот за техничкиот преглед и ќе мора да ги извадиш фолиите.

Јас моите фолии кога ги ставав го прашав дечкото што ги ставаше дали може да се среди на Технички за А Тест доколку се одлучам за затемнување на предните стакла за повеќе од 30%. Тој ми рече дека не  е проблем дека он може тоа да го среди, си има луѓе таму и си има дил со нив. Се работи за Крива Паланка.

Пишав некаде претходно во темева, колку што видов во законот никаде ме пишува дека мора да се прави А Тест за фолии доколку се затемнуваат само задните стакла макар биле затемнети и до 100% доколку колата има два ретровизора. Ако грешам поупатените или некој од адвокатскава фела молам нека ме исправи.

Едит: Не видов дека и Александер пишал.

Милиционерите не носат уствари не носеа порано од апаратчињата за мерење на затемнетост на стаклата, тие упатуваат на вонреден технички преглед освен ако нешто не се сменило.
се ова е ептен точно само ке надополнам дека треба да се обрати внимание на фабрички тонираните стакла.. во последно време сите возила имаат фабрички тонирани стакла, па така, ако на тоа му залепиш фолија од 30% затемнување многу е можно да добиеш 50+% затемнување...

што се однесува до атестот ако имаш само задни фолии, да треба да имаш 2 странични ретровизори СО ХОМОЛОГАЦИЈА (значи не било кои и било какви) и под услов дека немаш рефлектирачки фолии... не се само огледалните (сребрени) рефлектирачки...имаш и црни со висок сјај кои се рефлектирачки... и кафени, зелени итн итн...  и тие се забранети.. во законот вели забранети се  РЕФЛЕКТИРАЧКИ фолии а не огледални...

затоа и треба да се прави атестот...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: klima folii
« Одговори #250 на: 03 Септември 2015, 07:45:35 am »
Еве го законот што вели а за А Тест никаде не пишува. Кано тоа што го велиш е во ред но сакам да знам дали некаде е регулирано тоа, можеби во истиот правилник или некој друг т.е дали го има на хартија.

Вчера кога ги поднесував документите за А Тест во Милиција за да ми го впишат во сообраќајна со друг службеник кој рботи на истиот шалтер со службеникот надлежен за сообраќајни дозволи падна овој муабет и меѓудругото му реков дека да сум во МК постојано јас А Тест не би правел пошто во законот не сретнав дека мора (зборам за задните стакла) а ако добијам казна ќе се докажувам на суд. Тој на сообраќајните што работи не искоментира ништо за тоа иако важи за тежок човек пошто све работи по ПС, си тера човекот како е законски. Јас А Тест вадев од причина што не сакам сопругата да губи време по судови доколку дојде до тоа да и пишат казна зашто нема А Тест зошто сеуште сум убеден дека А Тест не мора за задните стакла доколку колата има два ретровизора освен ако не видам некаде да пишува дека мора.

Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: klima folii
« Одговори #251 на: 03 Септември 2015, 07:52:45 am »
Проценти не се собираат со знак плус.

Ако се собираа тогаш три фолии од 50% една врз друга ќе затемнеа 150%. А не затемнуваат 150%, туку 87,5%. А очигледно е дека не е 150% зошто тоа би значело дека се непровидни, а три фолии по 50 се многу провидни и далеку од 100% затемнување.

Чисто за да не бладате проценти спомнувам.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: klima folii
« Одговори #252 на: 04 Септември 2015, 02:18:04 am »
Наместив фолии на задните стакла вечерва.. 70%.. да видам што како ќе биди со атестот па ќе местам такви и напред..
Има шанси да ми пишат дека имам атест и на предни стакла а тие веќе да бидат наместени ?
Како и да е утре ќе видам па ќе пишам тука..



Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: klima folii
« Одговори #253 на: 04 Септември 2015, 09:39:52 am »
а зашто ако веќе планираш и напред да ставаш фолии,не ги ставиш најсветлите и напред и назад,за да не ти двои и да не паѓа ептен у очи?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6131
  • 69
Одг: klima folii
« Одговори #254 на: 04 Септември 2015, 09:47:25 am »
Проценти не се собираат со знак плус.

Ако се собираа тогаш три фолии од 50% една врз друга ќе затемнеа 150%. А не затемнуваат 150%, туку 87,5%. А очигледно е дека не е 150% зошто тоа би значело дека се непровидни, а три фолии по 50 се многу провидни и далеку од 100% затемнување.

Чисто за да не бладате проценти спомнувам.

Каквa математиka ти е оваа бе @deni  :D :D :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.