Конечно проблемот решен, беше порачана нова главина која ја чекав 10дена, Optimal 1610ден. Потоа се монтира со нов SNR лагер за 3000ден сосе работна рака.
Никаде на отворено не ја пробав ама осеќав кога се враќав од сервис дека уште е ист проблемот и дискот треба да се рамни (ако е до него).
По 2 дена, вчера го израмнив во SN без некое закажување, ми рекоа кога сакаш, за 600ден и сат и пол чекање, готово. Не се нафаќаа отпрвин за еден, викаат двата ги рамниме и нови плочки е најубо, ама на мој ризик сепак се нафатија само на рамнење со истите плочки.
И вечера до Претор се пробаа и нема повеќе тресење.
Тотал, 5300ден и компаратор 500ден.
Еве и една безвеза слика, не ја сликав главината ама се гледа свети, не лажам. 😄