Автор Тема: Audi A3 1.9 TDI 110hp  (Прочитано 7241 пати)

Отсутен freakyniki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 329
Audi A3 1.9 TDI 110hp
« на: 19 Април 2013, 23:48:03 pm »
Ајде и јас малку да се пофалам ....Пред 3 месеца си го земав количево. Каросериски е многу здраво а моторот е во извонредна состојба, предницата исто така, дисковите и плочките се тукушто сменети.... За да се осигурам го однесов прво кај маалски мајстор ми го потврди тоа а после кај овластен сервисер за Фолцваген со огромно искуство, добра репутација и голем сервис кадешто му го направив комплет сервисот СЕТ затегачи каиши уље и филтри... Мајсторот ми ја тестираше 2 дена и ми рече дека подобра состојба на А3 ка не видел.... Eнтериерот внатре  е како нов освен што имаше на средната конзола гребнатинки кои ги покрив со карбон фолија.

Моторот е 1.9 ТДИ 110 коња 2000 година со редизајн шалт табла од 2001 што свети бело.Иначе е фул опрема климатроник и има и електрика на ретровизори, а кога ја видов колава воопшто не ми се свигаше..... беше неперена со најружните бандажи 15 ки со излижани гуми и пукнати фарови... ама затоа моторот и каросеријата се коска, останатото полека го нашминкав му ставив 17 ки со гуми и ми остануваат уште фарови предни кристални исцели да купам.

 Сега колава ептен си ја сакам и секој ден кога ја возам сум пресрекен  :D





« Последно менување: 15 Јули 2013, 09:48:00 am freakyniki »
Пеглал не пеглал....пегли време пролази

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Audi A3 1.9 TDI 110hp
« Одговори #1 на: 19 Април 2013, 23:55:27 pm »
бомбона е аудиво,карпош 4 е сликано?

Отсутен Nikola X

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 312
  • It is what it is and that is it :)
Одг: Audi A3 1.9 TDI 110hp
« Одговори #2 на: 20 Април 2013, 00:13:50 am »
Одлично количе создравје да си ја возиш и километри да гориш :P

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Audi A3 1.9 TDI 110hp
« Одговори #3 на: 20 Април 2013, 02:09:00 am »
Супер Аудито! Со здравје да се возиш.
Колку поубаво изгледа со екраните од климатроникот... :) (кај мене не светат)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Audi A3 1.9 TDI 110hp
« Одговори #4 на: 20 Април 2013, 02:12:51 am »
карпош 4 е сликано?

Прва помисла кога ја видов последната слика :D :D :D

Се убаво ОК, ама црни бандажи не можам да ги поднесам на било која кола :(

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Audi A3 1.9 TDI 110hp
« Одговори #5 на: 20 Април 2013, 02:14:58 am »
Карпош 4 е, секој ден го гледам кај чешмичето или кај зградата на паркинг. Стакло е количето, создравје да си го возиш! :)

Отсутен Auto

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Одг: Audi A3 1.9 TDI 110hp
« Одговори #6 на: 20 Април 2013, 09:19:13 am »
Супер е надворешно. Бандажите беа фарбани црни или ти ги фарбаше?
Уште некое сликче од внатре да стаиш да видиме какво е. :)

Отсутен Angel_1.3

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1472
  • VOLVO C30
Одг: Audi A3 1.9 TDI 110hp
« Одговори #7 на: 20 Април 2013, 19:45:46 pm »
Ubavo audi,sozdravje da si go vozish,bandazite ti se na mesto :) samo tie doboshite na diskot,da gi prsneshe so sprejce crveno a ? :) da otvori ushte povekje :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Audi A3 1.9 TDI 110hp
« Одговори #8 на: 20 Април 2013, 19:48:03 pm »
да,убаво би му стоеле црвени шепи

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: Audi A3 1.9 TDI 110hp
« Одговори #9 на: 20 Април 2013, 21:08:49 pm »
Mnogu ubavo audi najubaviot model od audi, edina zamerka bandascinjata
Bi gi ispoliral vencite ubavo so nekoja posvetla srcevina mh mh , ima da ja otvori kolata da ja napravi uste po luda

Отсутен Angel_1.3

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1472
  • VOLVO C30
Одг: Audi A3 1.9 TDI 110hp
« Одговори #10 на: 20 Април 2013, 21:35:18 pm »
Mnogu ubavo audi najubaviot model od audi, edina zamerka bandascinjata
Bi gi ispoliral vencite ubavo so nekoja posvetla srcevina mh mh , ima da ja otvori kolata da ja napravi uste po luda
haha na toa pomisliv :D

Отсутен freakyniki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 329
Одг: Audi A3 1.9 TDI 110hp
« Одговори #11 на: 20 Април 2013, 23:26:58 pm »
Bandazive da... farbani se, sivi ne stojat poso ima nitni, a crveni sepi ako gi napraam ke bide epten kosovo audivo a i nema na niso da odgovaraat....inace vaka mi se dopagaat zatoa so ne se standardni kako site koli srebreni so kraci i plus mi dopaga so imaat flak go naduvaa kolicevo ko sapunce e vo zivo da go vidite.... od vnatre slika ke stavam denovive samo so mu zalepiv karbon na srednata konzola sea nema ni grepka vnatre....A dark mk da mi objasni ako moze so znaci da ispoliras venci so posvetla srcevina nekako ne mi e sfatlivo :))) pozz decki
Пеглал не пеглал....пегли време пролази

Отсутен Angel_1.3

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1472
  • VOLVO C30
Одг: Audi A3 1.9 TDI 110hp
« Одговори #12 на: 20 Април 2013, 23:35:58 pm »
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,495.195.html
eve kako bi izgledalo isto i kaj tebe,no jas ja utnav prilikom struganjeto so vodeniot glanspapir

Отсутен freakyniki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 329
Одг: Audi A3 1.9 TDI 110hp
« Одговори #13 на: 21 Април 2013, 00:00:45 am »
da drugar ama tebe ti e crvena kolata kaj mene nema da odgovaraat mi se cini, inace odlicna idea bravo
Пеглал не пеглал....пегли време пролази

Отсутен Bushido

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 234
Одг: Audi A3 1.9 TDI 110hp
« Одговори #14 на: 21 Април 2013, 00:16:02 am »
Одлично ауди и уште поодличен избор на мотор! Со здравје да си го возиш!
Moj совет да ги фарбаш праговите во боја на каросерија да дојдат нешто како на сликава: