Ајде и јас малку да се пофалам ....Пред 3 месеца си го земав количево. Каросериски е многу здраво а моторот е во извонредна состојба, предницата исто така, дисковите и плочките се тукушто сменети.... За да се осигурам го однесов прво кај маалски мајстор ми го потврди тоа а после кај овластен сервисер за Фолцваген со огромно искуство, добра репутација и голем сервис кадешто му го направив комплет сервисот СЕТ затегачи каиши уље и филтри... Мајсторот ми ја тестираше 2 дена и ми рече дека подобра состојба на А3 ка не видел.... Eнтериерот внатре е како нов освен што имаше на средната конзола гребнатинки кои ги покрив со карбон фолија.
Моторот е 1.9 ТДИ 110 коња 2000 година со редизајн шалт табла од 2001 што свети бело.Иначе е фул опрема климатроник и има и електрика на ретровизори, а кога ја видов колава воопшто не ми се свигаше..... беше неперена со најружните бандажи 15 ки со излижани гуми и пукнати фарови... ама затоа моторот и каросеријата се коска, останатото полека го нашминкав му ставив 17 ки со гуми и ми остануваат уште фарови предни кристални исцели да купам.
Сега колава ептен си ја сакам и секој ден кога ја возам сум пресрекен