Автор Тема: RENAULT SCENIC 1.6 16V (2004)  (Прочитано 4396 пати)

Отсутен banjifiko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
RENAULT SCENIC 1.6 16V (2004)
« на: 14 Април 2013, 13:26:53 pm »
Да го преставам и моето ново возило:
RENAULT SCENIC 1.6 16V ,година производство 2004
изминати километри 124.000, работна зафатнина 1598 ccm³ (83 Kw)
тежина на возилото: 1395 Kg (средна потрошувачка во град 11,5l)
Купено од прв сопственик тука од Скопје, редовно сервисирано во Автомотивгруп до 2010, последните две години во МТН Рено.
Направен е голем сервис пред месец дена (каиши, затегачи, водна пумпа, филтри, масло)













Следно на план е да му ставам плин.

Значи, доаѓам до моите неколку прашања во врска со автомобилов, т.е. помош и совети за:

1, Кој бренд за плински уред е најпогоден за Рено.
2, Задните подигачи не ми работат.
3, Автоматската паркинг кочница е во моментов на сервис. При купување на автомобилот, таа веќе беше оставена на сервис (МТН Рено) и договорено е да се среди (влегува во цената) и да се монтира кога ќе биде готова. За жал, се уште чекам на неа.

Има и некои ситни козметички финеси за средување како на пример





и сензорот за рикверц не ги покашува бројките, најверојатно причина е сонцето



Секое мислење и совет се добредојдени.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: RENAULT SCENIC 1.6 16V (2004)
« Одговори #1 на: 14 Април 2013, 14:20:40 pm »
За плин пиши им на плимонт ги има тука на форум ќе ти препорачаат кој да се стави.
За задните подигачи ако мислиш на стаклата види осигурач да не е изгорен, ова исто важи и за паркинг сензорите.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: RENAULT SCENIC 1.6 16V (2004)
« Одговори #2 на: 14 Април 2013, 14:39:43 pm »
Ubavo vozilo e ova Scenikot. mnogu e prostorno komotno i se odlicno za familija. Da si go vozis mnogu kilometri bez glevobolki.

Отсутен banjifiko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: RENAULT SCENIC 1.6 16V (2004)
« Одговори #3 на: 14 Април 2013, 14:49:14 pm »
Проверени се осигурачите. А што се однесува до сензорот, покажува делумни бројки (си типка и се друго). Мислам дека е повеќе прашање за електроничар отколку за автоелектричар.
За плинот пак, се интересирам повеќе во контекст на бренд (Ловато, БРЦ, Ландиренцо...)
Би била добредојдена и некоја препорака за сервис, дијагностика  и слично, надвор од кругот на сервиси како Автонова и слично.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: RENAULT SCENIC 1.6 16V (2004)
« Одговори #4 на: 14 Април 2013, 15:32:41 pm »
Проверени се осигурачите. А што се однесува до сензорот, покажува делумни бројки (си типка и се друго). Мислам дека е повеќе прашање за електроничар отколку за автоелектричар.
За плинот пак, се интересирам повеќе во контекст на бренд (Ловато, БРЦ, Ландиренцо...)
Би била добредојдена и некоја препорака за сервис, дијагностика  и слично, надвор од кругот на сервиси како Автонова и слично.
Elektronicar momentalno najdobar vo Skopje e Zoki brada i Trajce BT Elektronik ili pak vidi so  Tefik TR Elektronik (karsi olimpiski bazen).

Отсутен Bushido

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 234
Одг: RENAULT SCENIC 1.6 16V (2004)
« Одговори #5 на: 14 Април 2013, 15:33:58 pm »
Супер возило и со здравје да се вози

Отсутен Auto

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Одг: RENAULT SCENIC 1.6 16V (2004)
« Одговори #6 на: 14 Април 2013, 17:56:21 pm »
Големо, просторно. Да му стаиш плин и утепај го од возење.

Отсутен MaNDiL

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 356
Одг: RENAULT SCENIC 1.6 16V (2004)
« Одговори #7 на: 14 Април 2013, 23:03:52 pm »
Многу троши мораш плин да ставиш. Иначе делува зачувано и здраво. Комоција сигурно голема
You can sleep in your car, but you can't race your house.

Отсутен banjifiko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: RENAULT SCENIC 1.6 16V (2004)
« Одговори #8 на: 28 Април 2013, 18:28:23 pm »
На браниците имам некои грепки кои сакам да ги санирам, но не ми се фарбаат цели. Се размислував да ги облепам со carbon фолија. Колку ќе биде тоа решение практично, и каде да се обратам за истото?

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Одг: RENAULT SCENIC 1.6 16V (2004)
« Одговори #9 на: 28 Април 2013, 18:29:24 pm »
Немој, или цел браник во фолија со иста боја на каросерија или фарба,карбон овде не се става
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: RENAULT SCENIC 1.6 16V (2004)
« Одговори #10 на: 28 Април 2013, 18:30:45 pm »
исто пари ќе те фати како да ги офарбаш,а само браници во карбон фолија кузнае на што ќе личи тоа

Отсутен banjifiko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: Re: RENAULT SCENIC 1.6 16V (2004)
« Одговори #11 на: 28 Април 2013, 19:03:57 pm »
А каде и колку би чинело било која опција, некоја препорака?

Мислев на сребрена карбон фолија, нешто како ова
« Последно менување: 28 Април 2013, 19:17:48 pm banjifiko »

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: RENAULT SCENIC 1.6 16V (2004)
« Одговори #12 на: 28 Април 2013, 20:05:25 pm »
па околу 60-70 евра ти е фарбање браници,предноста е што немора во комора да се фарбаат али пожелно е
квалитетна карбон фолија ти е околу 2000денара за квадрат,а ако ставиш од кинеската ќе се испокине после 2 месеца

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: RENAULT SCENIC 1.6 16V (2004)
« Одговори #13 на: 28 Април 2013, 20:11:10 pm »
Боље ке изгледа да ги офарбаш, немој со ова сра*ево фолија!
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен banjifiko

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: RENAULT SCENIC 1.6 16V (2004)
« Одговори #14 на: 28 Април 2013, 21:04:07 pm »
Знам дека фарбањето е подобро, само ако не испадне бојата како треба...И ако еден ден ја продавам сигурно ќе биде: фарбана сигурно била удрена...