Да го преставам и моето ново возило:
RENAULT SCENIC 1.6 16V ,година производство 2004
изминати километри 124.000, работна зафатнина 1598 ccm³ (83 Kw)
тежина на возилото: 1395 Kg (средна потрошувачка во град 11,5l)
Купено од прв сопственик тука од Скопје, редовно сервисирано во Автомотивгруп до 2010, последните две години во МТН Рено.
Направен е голем сервис пред месец дена (каиши, затегачи, водна пумпа, филтри, масло)
Следно на план е да му ставам плин.
Значи, доаѓам до моите неколку прашања во врска со автомобилов, т.е. помош и совети за:
1, Кој бренд за плински уред е најпогоден за Рено.
2, Задните подигачи не ми работат.
3, Автоматската паркинг кочница е во моментов на сервис. При купување на автомобилот, таа веќе беше оставена на сервис (МТН Рено) и договорено е да се среди (влегува во цената) и да се монтира кога ќе биде готова. За жал, се уште чекам на неа.
Има и некои ситни козметички финеси за средување како на пример
и сензорот за рикверц не ги покашува бројките, најверојатно причина е сонцето
Секое мислење и совет се добредојдени.