Автор Тема: Смалување на сила на кола  (Прочитано 12798 пати)

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Смалување на сила на кола
« Одговори #60 на: 04 Април 2013, 02:12:24 am »
^^ Јас би рекол, незнае што сака..Ем сакаш, ем си мало за такво де..Купи си кола колку за тебе "почетник" и кога ке наполниш 2 год. земај го широкото..Дотогаш оди на нешто "потесно".

или

Опција 2: Земи го широкото, и моли се да не налеташ на полиција. Ако сепак налеташ, подмити ги. Нашиве можеш да ги митиш кога сакаш. Гладни се за пари ко песови.  :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Смалување на сила на кола
« Одговори #61 на: 04 Април 2013, 07:23:57 am »
Плин ако го извадиш никому ништо и да остане во регистрација.
Фолии на стакла ако ги извадеш никому ништо и да останат на регистрацијата запишани.
Ама софтверски подесен мотор на помалку киловати ако го тргнеш од 75 имаш над 100 киловати е тогаш не е никому ништо и ти возеш појако возило а плаќаш помалку давачки за регистрација, зелен картон и конкретно во случајов возило кое не смееш да го возиш според законска одредба.
Затоа нема шанси ова последново да е дозволено.
А од исти причини никој не ти прави проблеми за чип-тјунинг?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: Смалување на сила на кола
« Одговори #62 на: 04 Април 2013, 08:01:52 am »
Лично знам 2 мои другарчиња кои имаат џипчиња пишани со по 60-70 kw помалку, за да си плаќаат помалку осигурување...
Но, ова се прави само кога прв пат се регистрира кола, потоа е многу потешко...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Смалување на сила на кола
« Одговори #63 на: 04 Април 2013, 08:09:00 am »
А да не збориме што максималната реална снага на возилата на тркала е за 10 до 20% помала од бројката истресена од ракав во броширурите и спецификациите од каде се препишува во сообраќајна. И да не збориме дека тоа е максимална снага во само една точка од кривата на снагата во строго специфицирани услови, а во сите останати е далеку помала и во просек не е ни една третина...

Ботом лајн, во земјава нема соодветна лабораторија каде може да се мери максималната снага и снагата на возилата воопшто, а не знам ни за емисии со каква опрема се располага.

Ценовникот на зелените картони и на регистрациите/осигурањата од трети лица се малоумни и нереални, составени за да се рекетира народот и немаат ниту еден издржан аргумент за начинот на кој се составени.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Смалување на сила на кола
« Одговори #64 на: 04 Април 2013, 09:07:58 am »
Можби и не и е важно ова многу, но да не заборавиме дека со било какви „интервенции“ софтверско-хардверски во колата ја губи гаранцијата.

Инаку и јас се сложувам, важно е таа да ја вози колата а не таа неа. Па сеа од судбина не се бега ;D ;D ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Смалување на сила на кола
« Одговори #65 на: 04 Април 2013, 09:09:01 am »
^^ Не кај Широкото TSI. Колку на хартија - толку на асфалт.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Смалување на сила на кола
« Одговори #66 на: 04 Април 2013, 09:16:35 am »
Има едно многу просто решение на проблемот! Ако законот не дозволува и смета дека немаш доволно години за да возиш таква кола, НЕМОЈ ДА ЈА КУПУВАШ!

Ќе си тераш косилица дур не созрееш според закон, после ќе праиме муабет !

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Смалување на сила на кола
« Одговори #67 на: 04 Април 2013, 09:37:32 am »
^^ Не кај Широкото TSI. Колку на хартија - толку на асфалт.
И кај Широко и кај Тесно во просек е помалку од 1/3 од тоа пишаното на хартија...Освен ако цело време возиш на 5500RPM(или на колку и да вади максимална снага) при WOT(пуна гас) и пун терет.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Смалување на сила на кола
« Одговори #68 на: 04 Април 2013, 09:38:58 am »
Во просек да. Мислев максимална викаш дека е 10-20% помала од напишаната.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Смалување на сила на кола
« Одговори #69 на: 04 Април 2013, 09:47:03 am »
Здраво,
Ме интересира дали има начин да се намали силата на Scirocco 1.4 TSI од 160кс на сила од 102кс 75kw?

Иди у полициска станица Беко и поднеси барање за лимитирање на обртаите.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Смалување на сила на кола
« Одговори #70 на: 04 Април 2013, 09:50:50 am »
Здраво,
Ме интересира дали има начин да се намали силата на Scirocco 1.4 TSI од 160кс на сила од 102кс 75kw?

Иди у полициска станица Беко и поднеси барање за лимитирање на обртаите.

 ;D

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Смалување на сила на кола
« Одговори #71 на: 11 Април 2013, 10:07:34 am »
Мене едно не ми е јасно. Еве да се прават зафати на возилото, да се заебува фабричкото, па да се враќа после година дена...

Нема сето тоа повеќе да чини него да речеме ако те запрат еднаш и ти лупнат 400 евра казна? Или казната е 200 ако ја плати за 2 недели?


Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Смалување на сила на кола
« Одговори #72 на: 11 Април 2013, 10:27:19 am »
Не се заебува ништо фабрички ако ограничиш обртаи, исто како педалот за гаста да го свиткаш малку надоле па да неможеш до крај да ја стискаш туку само 3-40%. Повеќе од тоа ако стискаш на патос ќе си стискаш.

Отсутен SirPsyhoSexy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 773
Одг: Смалување на сила на кола
« Одговори #73 на: 11 Април 2013, 12:02:52 pm »
Си можела да нарачаш широко со 122 кс http://www.cars-data.com/en/volkswagen-scirocco-1.4-tsi-122hp-bluemotion-technology-specs/53344#sthash.yqJaE3Qk.dpbs . Со овој мотор малце праење филм на секој полицаец шо ќе те застане и те пушта. Али со 160 коњи е многу преку лимитот...

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Смалување на сила на кола
« Одговори #74 на: 11 Април 2013, 12:58:25 pm »
Лично знам 2 мои другарчиња кои имаат џипчиња пишани со по 60-70 kw помалку, за да си плаќаат помалку осигурување...
Но, ова се прави само кога прв пат се регистрира кола, потоа е многу потешко...

Bravo bravo a ako drugarcinjata slucajno gi fatat da receme vo Bugarija ... Ke si ostanat bez dzipcinja. Samo slsucajno de.