Пробај во 2ра брзина, вози на 2000 обртаи и нагло стисни гас. Истиов проблем го имав и во возење само во 2ра се осеќаше. На дијагностика ништо не покажуваше. Се посомневав дека е до бензинот. Наредниот пат напунив од друга пумпа, и пак исто. Седнав, размислив и сватив дека проблемот се појави од кога ги сменив свеќиците. Си ги вратив старите, и еве ги со нив скоро 80 000км имам поминато и уште се супер.