Време беше тревникот да се обнови,нова травичка и некој апгрејт да се направи.
Малку мачно беше копањето на рака,сепак повеќе од 100 метри квадратни тревник да го ископаш.
Потоа исфрезирана неколку пати површината,па следуваше инсталирање на прскалките.
Тревата се посеа и веќе е изникната и денес беше првото косење,исто така се поставија 4 фенери низ тревникот.
Како тоа изгледа преку ден
Како навечер
Бонус фото,овие си стојат веќе неколку години.
Следно на листата е да направам како контролна електрична кутија во која ќе ги сместам сите прекинувачи за пумпата во фонтатана,за светилките во фонтаната,потенциометар за фенерите и да оставам штекери за радио,за косилката кога ќе ја косам тревата,за полнење на лаптоп и слично.Планирам да купам надворешна кутија за автоматски осигурувачи,убаво да ја изолирам и внатре убаво да ги наредам прекинувачите и штекерите.Тоа сето ќе биде во најкус можен рок.