малку да ја освежам темава. Работата на колава мрдна малку, прво се направи кровот. Тапацирот беше скроз паднат, еве некоја слика од работењето
бојата на новиот штоф е иста со страничните тапацири, но има некој разлики во дезенот, малку ми сметаше на почеток, но веќе се навикнав. Во исто време беше целосно преправено возачкото седиште, зошто беше доста оштетено, штофот беше здрав, но сунѓерите и федерите внатре беа за никаде. Разликата при седење е огромна, презадоволен сум од резултатот.
Заменето беше и светлото во ентериерот што стои на кровот, на старото беше искршена пластиката.
Кога го извадив седиштето се зезнав и ја запалив колата и се запали предупредување за воздушното перниче, па непредвиден трошок до сервисот на фолсваген да ја исклучат грешката, но искористив во моментот да ми го сменат јазикот на бордот од италјански во англиски и направија целосна дијагностика на колата.
Последната новина е што конечно најдов бандажи по мој мерак благодарение на Dzo, очајно им треба фарбање ивиците им се доста оштетени, но генерално се во добра состојба.