Автор Тема: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001  (Прочитано 11105 пати)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #60 на: 07 Јуни 2013, 00:03:36 am »
проблемот е решен, сепак се работеше само за пукнато црево. Цревото од интеркулерот што оди пред егр вентилот имаше 2 сантими пукнатина на него



моментално е заменето со црево од рено 11 турбо, си врши работа, но сепак би сакал да ставам оргинал црево. Би замолил за услуга некој ако имате врски во волксфаген сервисот или некој што работи со авто делови да ми праша колку би коштало вакво црево, еве го и серискиот број на делот


Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #61 на: 12 Јануари 2014, 02:35:54 am »
Како оди потрошувачката? Понеделник треба да видам еден ваков ист па да знам отприлика што да очекувам

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #62 на: 12 Јануари 2014, 20:02:43 pm »
8 градска, на отворено 5. Провери дали кога ќе ги отвориш вратите се пали светлото внатре во колата и дали светат тие долу сијаличките на вратите, провери ја добро централната и прозорците, ова ти се најчести дефекти на голф 4.

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #63 на: 13 Јануари 2014, 00:02:54 am »
Нема никакви надворешни мани само четвртата дизна заминува малку од нормалата ми рекоја дека со адитив ќе се средело, исто и да се проверел дихтунгот на декла оти малку се подујани цревата за вода друго нема ништо дефект

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #64 на: 13 Јануари 2014, 07:34:10 am »
8 градска, на отворено 5. Провери дали кога ќе ги отвориш вратите се пали светлото внатре во колата и дали светат тие долу сијаличките на вратите, провери ја добро централната и прозорците, ова ти се најчести дефекти на голф 4.

90 посто дефекти се во бравите.
Прозорите се поправаат но би ти препорачал да си ги подмачкуваш сите механизми редовно.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #65 на: 19 Јули 2014, 00:52:23 am »
малку да ја освежам темава. Работата на колава мрдна малку, прво се направи кровот. Тапацирот беше скроз паднат, еве некоја слика од работењето







бојата на новиот штоф е иста со страничните тапацири, но има некој разлики во дезенот, малку ми сметаше на почеток, но веќе се навикнав. Во исто време беше целосно преправено возачкото седиште, зошто беше доста оштетено, штофот беше здрав, но сунѓерите и федерите внатре беа за никаде. Разликата при седење е огромна, презадоволен сум од резултатот.
Заменето беше и светлото во ентериерот што стои на кровот, на старото беше искршена пластиката.
Кога го извадив седиштето се зезнав и ја запалив колата и се запали предупредување за воздушното перниче, па непредвиден трошок до сервисот на фолсваген да ја исклучат грешката, но искористив во моментот да ми го сменат јазикот на бордот од италјански во англиски и направија целосна дијагностика на колата.
Последната новина е што конечно најдов бандажи по мој мерак благодарение на Dzo, очајно им треба фарбање ивиците им се доста оштетени, но генерално се во добра состојба.


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #66 на: 19 Јули 2014, 00:56:49 am »
Одлично кровчето,бандажот уште подобар!

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #67 на: 19 Јули 2014, 13:22:49 pm »
Како го среди тапацирот на кровот? Со каков лепак го лепеше?

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #68 на: 21 Септември 2014, 13:40:56 pm »
После незгодата што се случи, кршењето на задната стакло и искривен лимот на петтата врата



По брза реакција на полицијата се најдоа виновниците и ја поправија штетата. Беше монтирано стакло и санирана лимаријата





Во меѓувреме беше заменето масло и филтер за масло, заменет полен филтерот, заменет ребрестиот каиш комплет со затегачи и водна пумпа и ставен нов антифриз. Ставив и нови летни гуми за бандажите, matador mp46 225 45 17.
Еве и две бонус слики.





Останува да се средат задните прозори и предните брави, да се корегираат некој каросериски вдлабнатинки и гребнатинки, да ги средам бандажите и да им најдам капачиња за централните дупки и да го средам клима компресорот.


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #69 на: 21 Септември 2014, 18:01:35 pm »
Леле бандажот порно,браво!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #70 на: 21 Септември 2014, 20:22:21 pm »
И јас сега го приметив бандажот. Изгледа е нов. Многу добар, да. :)

Отсутен DARK MK1 GTI

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5087
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #71 на: 22 Септември 2014, 14:50:37 pm »
Добро му стои бандашот

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: VW Golf MK4 1.9 TDI 85KW 2001
« Одговори #72 на: 01 Декември 2014, 19:16:49 pm »
може клуч