Дечки ај малку појаснување од тие што се разбираат од електрика.
Ставив ксенон, но првично имав проблем со пуштањето на светлата. Ретко се случуваше на прво да се пуштат сијалиците во 2та фарови. На 2-3 обиди уклучи/исклучи на прекидачот за светлата, сијалиците се приклучуваат и светат (исто така забележав дека и малку како да треперат, видливо на долниот сноп каде што е послаба светлината).
Е сега, зедов го кодирав модулот за светлата како да имам ксенон во колата (ова се однесува на фабрички, а не афтермаркет каков што ставив) и од неколкуте обиди што ги пробав, светлата се пуштаат без проблем. Не знам дали треперењето е изгубено и дали овој фикс ќе трае.
На интернет читав дека ова е чест проблем и го решаваат со ставање на реле кое го поврзуваат директно на акумулатор и после тоа немаат никаков проблем.
Прашањето ми е, дали за ксенонот е потребно поголем напон за да се запалат сијалиците? Зошто кај некои коли ксеноните си работат без проблем, а кај некои треба да се прават додатни модификации? Исто така ме интересира дали некој има вградувано такво додатно реле за да нема проблем со ксенон светлата?
И дај кажете локација/паркинг низ Скопјево кај што можам да ги наштелувам светлава, в земја светат моментално