Автор Тема: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио со можност за CD шаржер  (Прочитано 79913 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Благодарение на брзиот развој на техниката, денес имаме еден куп геџети кои можат да ни го направат животот поедноставен и да ни заштедат еден куп пари. Во контекст на тој тренд се и разно-разните MP3/WMA медиа плеери кои беа причина да се исфрли од употреба долго-време актуелниот т.н. DiscMan. Но не само таму, туку и на многу други полиња, малите MP3/WMA плеери станаа хит благодарение на минималниот простор кој го зафаќаат, квалитетот кој го нудат, брзината на пристап и премотување и, најважно, можноста за запишување на стотици пати повеќе музика на стотици пати помал во димензии медиум.

Како една негова варијанта, поврзана со целта на форумов, ќе ги споменам MP3/WMA плеерите за автомобилите. Модерните радиа и последната генерација на автомобили веќе имаат вградени USB приклучоци. Но тоа не е случајот и со фабричките аудио системи од малку постарите автомобили, дизајнирани во CD плеер ерата. Па во ваков случај за да можеме да слушаме музка од USB стикче во нашиот автомобил мораме или да го промениме целосно радиото, или на некој начин да додеме USB MP3 плеер. Промената на радиото може да значи и промена на голем дел од централната конзола, каков што е случајот со мојата Mazda 6. А таа промена, односно, афтер-маркет централна конзола со DIN или Double DIN простор за радио чини 150 евра во странство (кај нас сигурно би чинела 250). Понатаму, со промената на радиото повеќе не се во функција командите на конзолата и на воланот и единствено можеме да "баратаме" преку интерфејсот на афтер-маркет радиото.

Но денес, како што кажавме благодарение на брзиот развој на техниката и технологиите, имаме и решение за мојот случај. Постојат MP3/WMA USB плеери кои симулираат присуство на CD шаржер, при што командите си остануваат на фабричката централна конзола и на воланот. Од она што го најдов како понуда на интермец, јас го одбрав овој модел:

http://www.wiiki-tech.com/Mazda-USB-SD-MP3-Adapter_p6565.html
Она што ми фати око е распоредот на влезовите (USB, SD, AUX in), како и можноста за AUX влез преку стандардна стерео банана.

Па, така едно попладне малерисував во куќата на докторот, која моментално е во изградба на фаза ѕидање, длетовање и молерај и наместо соодветен паричен надомест го букирав докторот да ми го закачи внатрешно, плеерот на радиото. Успут частеф и една бозаровница од 100% праска и 30% црна рибизла.

Докторот ја зеде хеблата и се зафати за работа...

Брзо-потезно ми го раскупуса централниот дел од ентериерот на Маздата.

Од што беше брз, дури не ми остави ни време за да се расплачам ко чоек од мака.

Со тага во срцето и солзи во очите гледав како ги корне потенциометрите и останатите дрангулии од некогаш драгиот ми инвентар...

Мислев дека ќе ми ја расклопи и задната клупа сосе резервоарот за гориво, но како што образложи докторот: нема потреба да го расклопуваш резервоарот за да прикачиш џек во радиото, т.е. тоа е само губење време.

Не знаев дали да се радувам или да плачам кога го извади радиото заедно со маската и замина кон својата работилница оставајќи ме во тага и шок да се соживувам со купусот кој ми го направи за таа една минута...


Со надеж дека можеби има шанса нешто да се спаси, му упаднав во работилница да му крадам занат...
Беше започнал со работа, т.е. со расклопување на радиото...Морало да се уклучи тригерот за да функционира опцијата за уклучување на CD шаржерот...

За таа цел беше потребно да направи краток спој на еден контакт, па така мораше убаво да ја соголи од амбалаж, плочката од радиото...

Онодеше нешто со леткумот и на крај ми вика, сликај овде да видат во Мазда кој боље леми јас или роботот. Јас сликав, ама од сликата не се глеа што е лемено. Докторот вика тоа било поентата...ради, ал се не види...


Откако го прееба и радиото, му се нафрли на плеерчето, ни криво ни кружно...

Од вака убаво спакувано во кутија и најлон, го доведе во состојба соголена до коска...


Потоа си зеде мустра од пластичетона плеерчето и си стори нишан на дел од пластиката од централната конзола...

Потоа, како што го учеа во војска: три пати мери, два пати сестра и и еднаш мајка и.

Како што се гледа, по мое барање и негово мислење, пристапот за SD картичка е хардверски оневозможен под изговор дека никогаш не сум користел SD картичка....

...башка тоа ќе му било шанса да ми наплател некогаш штом решам да снимам музка на SD за во кола...

Што да расправам....

Со колкво задоволство ја дупеше пластиката, па мислам дека нема простор да не е совршено издупена...

Конечно ми го тури плеерот на конзолата...И еве како изгледаше пред да ја врати назад во купусот...

Естетски монтирано и поврзано, да не се брука ако некогаш некој ја расклопи конзолата и да праша "Кој го е тоа направил?"


На крај, му се врати на купусот назад, ја врати конзолата и го расчисти купусот како ништо да не се случило....Освен што добив MP3/WMA USB плеер и стерео аудио влез.

Дури и ѓубренцата кои евентуално ги поместивме при монтажата се потруди да ми ги врати во првобитната состојба, поради што бев многу радосен. :)

Поздрав до сестрите во ординација на Докторот
« Последно менување: 17 Мај 2011, 14:38:31 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Господ здравје да ти даде за овие информации......

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6091
  • 69
ААееееееее, што добрина бре толку да ти направат...Сестрите добри ли беа???
:))))
Е па ајде со сТреќа да си го вртиш МП3 музичето во афтомобилот...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8517
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Ова стварно докторска работа ХИРУРГ...


Отсутен kalco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Audi a3 1.9 TDI
    • Kalco
Претпоставувам ова е дело на Сале мастерот ....Презицен како и увек.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10650
  • *** UNDERCOVER ***
Браво, гојдо искрен паметен потек !

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11685
  • Архитект
Одлична сработена работа!! Одма се нафаќам да се монтира вакво нешто на Лансер..............За да се напарај туторијал за сите таксисти, раат да си слушаат луѓето.

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3793
  • Боинг 747

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Како се команда МП3 делот?

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8517
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Па преку самиот постоечки плеер, колку што јас сватив....

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Дени на Стоп, Плеј, Пауза, Напед, Назад, Претходна трака, Следна трака. Исто е и за Видоус медиа аудио форматот
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11685
  • Архитект
Ова го лажи радиото демек има цд- шаржер, а тој уствари е мп3 плеер- ЗАКОН!! Ова можи на секое возило што има приклучок за цд-шаржер?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Да, се додека го најдеш/нарачаш соодветниот кабел, или кога го нарачуваш, да го нарачаш за соодветното возило.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10567
WELL DONE !!! Докторе свака част, знам дека киснеш по Клиникиве, ама дека имаш олку специјализации ... :) Поздрав и No Pasaran !!! ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Браос!!! Сакам и јас!