Знае ли некој дали има некоја посебна филозофија за додавање на custom мапи на Гармин?
На пример, сакам да ги додадам мапите со ЛПГ станици од myLPG.eu во Гарминот, ама не сум пробал до сеа, па не знам дали е некоја компликација или не...
Одговорот за кастом мапи е софтверот Mapsource.
Одамна не го упдејтуваат зошто функционалноста му се коси со идејата на Гармин, колку слобода ни треба нам корисниците. Но како и да е, сеуште работи. Треба да го инсталираш (последната верзија, а потоа и крак ехе).
Потоа на компјутерот треба да инсталираш мапи во посебна верзија за Mapsource... и тоа е тоа. Можеш да правиш кастом мапи. Јас ова секогаш го користам и наместо готови цели мапи, користам кастом мапи во кои има само делови од мапите кои навистина ќе ми требаат (уредот така е многу побрз).
Инаку тоа ти што го сакаш не се кастом мапи, туку points of interest.
Само треба да додадеш Custom POI, обично во фолдерот каде што се другите POI фајлови. Нормално POIто треба да е компатибилно со верзијата на мапата (треба да пишува таму од каде ги симнуваш). Ако сакаш, имам релативно свежи POI за спид-чек локации низ Европа.