И јас да се умешам - возам Астра Г. Само што мојата е Астра Класик 2, 2008-ма.
Половна, за 2500 до 3000 евра, има пун к*рац, има и добри понуди.
За одржување е прилично ефтина. Потрошувачката е нормална, ако пазиш е и одлична.
Ако земаш, земи си 1.6. Мојата е 1.4 90 КС, до 3.000 вртежи е мрза, ама после 3.000 е одлична. Ама, со тоа скока и потрошувачка.
За квалитет не коментирам. Јас со мојата си имам сосема поинакви маки.
Единствен адут на Реното е добрата вожња, и помалата цена. Мислам дека не вреди.
Не погледнувај Астра Ф. Ја имам во потесно семејство, дизел додуша, ама Астра Г е две класи погоре.
Со среќа, се надевам ќе најдеш тоа што бараш. Ако треба совети, тука сум.