Кумановац, еве и ја имам исто годиште и ист мотор голф, за 14 месеци колку го возам има пројдено скоро 40000. Има неколку мани колата како кола. Знае да троши малку повеќе уље, ова го имам слушнато и од други мајстори. Како мана им било тоа :/ Значи од време на време проверувај си уље. Втора работа е замаецот. Ако ти е сменет до сега со едномасен (или како и да го викаат веќе...) ќе немаш гајле, ако не може да ти прави проблеми подоцна во вид на тресење во лер. Значи тоа се само негативните работи околу колата. Има многу позитивни. Малку троши, 200 и кусур NM што се доволни за таа каросерија, евтин за одржување (1400 ден. редовен сервис) кај малски механичар, делови колку сакаш по отпади, посебно во Тетово таму има и отпад поседно само за голфови 4ки и можеш да најдеш буквално СЕ. Од гориво ставам од Мак Петрол тоа што не е Био Дизел (не знам како се викаше) или од Лук Оил ама како повеќе да ми го троши тоа гориво :/ Ако ти е купена од плац колата обавезно смени си водна пумпа, каиш, затегачи и не ми текнува што друго се менуваше. И тоа е тоа. Ако ти е спора за 300 евра се прави 120 коња
Иначе и јас сум од Куманово
Пoтрошња просек 6-6,5, отворено под 6. Ако не е тајна колку го зема, ја мојот најверојатно ќе го шиткам после нова година па да знам колку да му барам.