Автор Тема: Правилно изговарање на некои зборови..  (Прочитано 62669 пати)

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #420 на: 02 Април 2015, 00:12:56 am »
Правилен изговор на некои зборови... Ако веќе темата е за него.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #421 на: 31 Јули 2015, 09:58:18 am »
Чименто ако одиме на итаљански: https://translate.google.com/#it/mk/cimento
Цименто ако одиме на португалски: https://translate.google.com/#pt/mk/cimento

Ако одиме по изворниот дел на зборот, доаѓа од латински Каменту

На звучничето може да се чуе и изговорот на секој од зборовите.

Чименто, не цименто :D :D :D
Чименто, не е цименто :D

Објасни.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #423 на: 24 Февруари 2016, 22:30:43 pm »
Деновиве е актуелен новиот правопис. Па да погледнеме некои од измените, генерално, мене ми се допаѓа ова што го прочитав:



Сите поглавја на Правописот на македонскиот јазик претрпеле измени, дополнувања и објаснувања.

Во поглавјето За пишувањето на гласовите, на пример, се дозволува двојна форма кај филозофија/философија, нема едначење по звучност кај зборови со префиксите пост-, транс-, дис- (дисбаланс, постдипломски), потоа себство, а не сепство.

Има многу дополнувања кај употребата на голема буква, дадени се примери и решенија за некои дилеми. Со голема буква се пишуваат сите составни делови на имињата на небесните тела (Бодеева Галаксија, Мал Магеланов Облак, Сончев Систем), официјални и неофицијални имиња на држави: Југословенска Федерација, Турско (Османлиско) Царство, како е Европска Унија. Со сите големи букви се пишуваат и региони, котлини, долини (Битолски Регион, Скопска Котлина, Вардарска Долина), имиња на пештери, кањони, клисури (Дуова Пештера, Гранд Кањон, Демиркаписка Клисура), неофицијални имиња на градови: Градот на Светлината, Големото Јаболко и сл. Социјалните мрежи и компјутерските програми се пишуваат со голема почетна буква: Фејсбук (нема дилема веќе помеѓу Фејзбук и Фејсбук), но фејсбук-статус, Мајкрософт ворд итн.

Сложените хемиски соединенија досега се пишуваа слеано (метилалкохол, сулфурводород), а отсега оние на кои составните компоненти не им се поврзани со составна самогласка -о (хлороводород), ќе се пишуваат одвоено: сулфур диоксид, калиум цијанид.
Кај употребата на цртичка правилото е дека со цртичка се поврзуваат две именки тогаш кога членот се јавува кај втората (спомен-плоча), во спротивно не се поврзуваат со цртичка - земја членка (што многупати во практиката се среќаваше како земја-членка). Кај сложените именски споеви е забележливо дека се допушта и латинична скратеница (USB-приклучок), иако се дава предност на УСБ-приклучок. Се допушта и контакт-лице, контакт-телефон (освен телефон/лице за контакт), како и Би-би-си програма (освен програма на Би-би-си), НАТО-мисија (Мисијата на НАТО), што досега не беше најдобар избор.

Во делот кај правописните правила се внесе „белината“ како новост (односно празно место) и нејзините позиции кај интерпункциските и правописните знаци.

Има значителни дополнувања кај скратениците и скратувањата (проследено со многу примери). Во делот за транскрипција и транслитерација има збогатување со јазиците: босански, црногорски, старословенски, шведски, санскрит, каталонски и др.

Во делот за географските имиња исто така има значително збогатување со имињата на држави, нивните главни градови и жители, придавки и др. Новина е образувањето на женските форми со наставката – инка (Кинезинка, Иркинка, Данкинка, како и белкинка и црнкинка).

Последното поглавје наречено Додатоци е збогатено со поглавјето Оформување текст, а прикажани се и практични примери како се пишува молба или жалба. Тука се и поглавјата Арапски и римски знаци за бележење броеви, Мерни единици, потоа како се пишуваат хемиски елементи и соединенија. На крајот се прикажани и универзалните коректурни знаци.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #424 на: 02 Декември 2016, 11:29:09 am »
Пере.
Перат.

Вид збор: Глагол, несвршен
1. Со вода и сапун (или друго средство) отстранува нечистотии од текстилни производи (облека, постелнина).
Перачката ги переше кошулите.
Жените переа на река.
Сам се пере.
Го пере шалот.
Таа пере теписи.
Ги испра чергите?
Испрани ми се чорапите?
Машина за перење алишта.
Колата се мие, не се пере.
Садовите се мијат не се перат.




Мие.
Мијат.

Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Чисти со вода.
Домаќинката ги миеше садовите.
Секоја вечер децата ги миеја забите.
Мие раце.
Мие кола.
Мие автомобил.
Мие џип.
Мие садови.
Мие стакла.
Мие прозорци.
Тој ја изми колата.
Таа го изми автомобилот.
Јоцо го изми џипот.
Јосипа си ја изми.
Mашина за миење садови.
Измиени се садовите?
Го изми тенџерето?
Таа го изми тавчето.
Вратата е измиена.
Измиена е терасата може да седнете.
Колата се мие, не се пере.
Садовите се мијат, не се перат.
« Последно менување: 02 Декември 2016, 12:06:18 pm Deni »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #425 на: 02 Декември 2016, 11:39:40 am »
Фор шизл, како е множина од „успее“?
„Успеаа“? „Успеаја“?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #426 на: 02 Декември 2016, 11:50:45 am »
со ј

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #427 на: 02 Декември 2016, 12:00:04 pm »
А „пресмета“?

„Пресметаа“ или „пресметаја“? Логично ми е, башка понормално звучи да е без „ј“, пошо „ј“-то се става ако се погодат три самогласки по ред така?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #428 на: 02 Декември 2016, 12:43:37 pm »
Или ако е на охридски јазик.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #429 на: 02 Декември 2016, 12:48:41 pm »
„Пресметава“ :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #432 на: 02 Декември 2016, 13:00:57 pm »
Автo мијaлнa Дaндo и Бушaв :)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #433 на: 02 Декември 2016, 13:07:38 pm »
со ј

You sure?

Успеаја
Успеаа

Pay attentions to details next time, btw од твојот извор се информациите по кои може  и така и така, ама не е така, мора да биде само едно.

Успеаја


Успеаа
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Правилно изговарање на некои зборови..
« Одговори #434 на: 02 Декември 2016, 13:09:37 pm »
со ј

You sure?

Успеаја
Успеаа

Pay attentions to details next time, btw од твојот извор се информациите по кои може  и така и така, ама не е така, мора да биде само едно.

Успеаја
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Успеаа
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ајде најди го точното и кажи ни го да го знаеме. Како погоре јас со миењето и перењето, за да не звучиме безвезе кога зборуваме и пишуваме.