Автор Тема: Плински уред - воздушно ладење!  (Прочитано 13490 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13468
Плински уред - воздушно ладење!
« на: 29 Октомври 2012, 19:30:51 pm »
Претпоставувам дека сеуште нема а-тест за чудово иако имаше една компанија која прави специјални LPG за воздушно ладење (не се сеќавам на името), мада знам дека и со Lovato функционира...па ме интересираат неколку работи...

1) Дали имате системи на лагер (половни пред се) кои можат да се монтираат на Буба?
2) Кои се разликите во користење кај возило со водено ладење?
3) Која е цената на монтажа? Колку време треба?

Од досегашното искуство имам доверба во Плимонт и сакам вие да ми ја завршите таа работа ;)

Еве некои слики што успеав да најдам на нет





Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4708
Одг: Плински уред - воздушно ладење!
« Одговори #1 на: 29 Октомври 2012, 20:35:39 pm »
Во македонија неможе да помине атест возило со воздушно ладење, а има начин да се направи и да се вози ама неатестирани. Казната е малце солена за неатестиран уред

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13468
Одг: Плински уред - воздушно ладење!
« Одговори #2 на: 30 Октомври 2012, 01:04:53 am »
Сеа да не претерувам, ама кој ќе те казне ? Се надевам дека џандарите имаат малце совест. 500 евра е за неатестиран како што знам, ...неможеме да плаќаме сите 83 денари бензин да му се сневиди :) Притоа ...казната е во висина на една солидно зачувана Буба...

Кad ne ide...ne ide...


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14006
  • Пудингот на шоферството
Одг: Плински уред - воздушно ладење!
« Одговори #3 на: 30 Октомври 2012, 08:37:25 am »
Мислам дека не е толку голема казната за неатестиран плински уред.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Плински уред - воздушно ладење!
« Одговори #4 на: 30 Октомври 2012, 09:38:17 am »
400 или 500 евра е казната не сум сигурен толку, а иначе полицаецот со задоволство ќе ти ја пише казната ако те фати. Бидејќи сите знаеме дека они работат на некоја норма.
Тешко ќе ти приметат дека имаш плин ако се тоа добро е скриено, ама мислам дека не вреди да се ризикува толку.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13468
Одг: Плински уред - воздушно ладење!
« Одговори #5 на: 30 Октомври 2012, 09:47:02 am »
Мислам дека колку толку им работи совеста дека на возило кое вреди колку еден плински уред, нема да пишуваат казна.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Плински уред - воздушно ладење!
« Одговори #6 на: 30 Октомври 2012, 10:43:55 am »
Многу е тешко да ти се погоди некој роден од мајка и да те разбере, на моја кожа си го имам осетено тоа да ти кажам.
Ми имаат пишано 300 евра казна за возење брзо на автопат јас имав 131км/х брзина, да била демек 130 км/х ќе сум поминел со 45 евра, ама тој нејќеше да чуе да пише под 130, иако му објаснив дека сум студент и дека немам никакви примања и дека дента се враќам од свадба (не бев пијан и дента имав пиено само две пива сабајлето а ова се случуваше окулу 11 навечер)
Така да биди си на безбедната страна и гледај да си чист да не те замараат, тоа е мојот став.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Плински уред - воздушно ладење!
« Одговори #7 на: 30 Октомври 2012, 10:54:11 am »
Мислам дека колку толку им работи совеста дека на возило кое вреди колку еден плински уред, нема да пишуваат казна.

А што мислиш, да не пишуваат казни на бесни коли, црни џипови итн?

Па погледај кои коли ги креваат се се кршеви! Кај смеат да помислат да казнат некого ушеман маме ќе им се плаче. Затоа бараат гревови да наебат со фичовци стоедени...

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Плински уред - воздушно ладење!
« Одговори #8 на: 30 Октомври 2012, 11:36:58 am »
Вградувањето на плински уред со воздушно ладење не претставува проблем од техничка страна. Општо прифатен начин е со поставување на сонда во издувна грана, за загревање на плинот. Ние користевме друг начин.  Имено, со Машински Факултет порано имавме постигнато договор, кој траеше до пред 10-тина години, со кој беше предвидено и атестирање на возила со воздушно ладење, конкретно за Цитроен возилата. Вградувањето се изведуваше  со употреба на моторно масло како флуид кој ја заменува течноста за ладење, за  загревање на   редукторот. На овој начин се успеа да се изведе тип на монтажа кој ги исполнуваше барањата на Машински Факултет во тие времиња
1.   Уредот кој е наменет за вградување во возила со воздушно ладење е истиот уред кој се вградува во возила со карбураторски тип на мотор.
2.   Главната разлика е што наместо разладна течност се користи моторно масло како флуид за  загревање на редукторот, или сонда
3.   Цената е како и за стандардна монтажа на карбураторски уред – 16,000 денари, Ние во принцип не смееме да изведуваме вградување на плински уред во возила со воздушно ладење затоа што сега овој тип на монтажа не може да се атестира, со што и ние немаме правна основа за изведување на оваа услуга. Во секој случај можеме да направиме исклучок.
Информациите во постот се базираат на наши сопствени искуства.
Кога стапија на сила на ЕЦ 67Р регулативите, производителите на автогасни уреди не беа заинтересирани да развијат систем кој ќе влезе во ЕЦ 67Р регулацијата, заради малиот број на возила со воздушно ладење кои потенцијално би биле корисници на автогасни уреди
Најсвежи информации за проблематиката за атест на возила со воздушно ладење , дали може и на кој начин тоа би се направило, можат да дадат членовите на форумов  nikola_bb и Ogi88, кои имаа разговори со надлежните од Машински Факултет за можни солуции за овие возила.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4624
  • Муфљуз
Одг: Плински уред - воздушно ладење!
« Одговори #9 на: 30 Октомври 2012, 11:41:23 am »
Мислам дека колку толку им работи совеста дека на возило кое вреди колку еден плински уред, нема да пишуваат казна.

Мене ќе ми пишеа казна од 400 евра со мотроче кое вреди 200 евра макс. Не ми пишаа ради дупка во закон т.е. ми пишаа 35 евра.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Плински уред - воздушно ладење!
« Одговори #10 на: 30 Октомври 2012, 11:49:27 am »
Спремаме возило Citroen GS кое има мотор со воздушно ладење, изведовме систем со  кој ќе добиваме топла вода која ќе се користи за испарувачот. Сеуште не е монтиран плински систем на тоа возило, кога ќе се заврши тоа возилото ќе оди на а-тест да биде прегледано и се надевам дека ќе дојдеме до решение кое ќе може да се користи кај овој тип на возила со што ќе можат да поминуваат а-тест.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4708
Одг: Плински уред - воздушно ладење!
« Одговори #11 на: 30 Октомври 2012, 13:53:07 pm »
Ко што кажа оги правиме нешто ама во моментов слабо е со финансии, за сета работа прочитавме правилници и зборевме со луѓе од машински. Прифатија кога ќе го стаиме на кола да го видат и да кажат дали ќе помине. По тоа ние што читавме што и како е регулирано 99% поминуваме

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 864
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: Плински уред - воздушно ладење!
« Одговори #12 на: 30 Октомври 2012, 14:08:33 pm »
Што вика правилникот за бубата на Carpathian Lord?
Сепак моторот е на задната страна од возилото?

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2950
Одг: Плински уред - воздушно ладење!
« Одговори #13 на: 30 Октомври 2012, 15:25:07 pm »
Колку што знам за моторите со воздушно ладење постои систем за топлење на расплињача преку моторното уље, тоа не поминува на атест?

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Плински уред - воздушно ладење!
« Одговори #14 на: 30 Октомври 2012, 16:36:52 pm »
Како што имаа пишано од Плимонт, до пред некулку години поминувале така возила, ама сега веќе не. Не дозволуваат мешање на издувни гасови, масло со плин. Дозволено е само со разладна течност да се грее испарувачот. Со тоа ние што сакаме да го направиме и да успееме да помине бидејќи според Р67 правилникот овој систем во ниеден поглед не прекршува некоја одредба.
Возило со ваков тип на систем поминува во Холандија и Франција, за овие земји имам читано бидејќи таму така ги преправаат возилата со воздушно ладење.