Вградувањето на плински уред со воздушно ладење не претставува проблем од техничка страна. Општо прифатен начин е со поставување на сонда во издувна грана, за загревање на плинот. Ние користевме друг начин. Имено, со Машински Факултет порано имавме постигнато договор, кој траеше до пред 10-тина години, со кој беше предвидено и атестирање на возила со воздушно ладење, конкретно за Цитроен возилата. Вградувањето се изведуваше со употреба на моторно масло како флуид кој ја заменува течноста за ладење, за загревање на редукторот. На овој начин се успеа да се изведе тип на монтажа кој ги исполнуваше барањата на Машински Факултет во тие времиња
1. Уредот кој е наменет за вградување во возила со воздушно ладење е истиот уред кој се вградува во возила со карбураторски тип на мотор.
2. Главната разлика е што наместо разладна течност се користи моторно масло како флуид за загревање на редукторот, или сонда
3. Цената е како и за стандардна монтажа на карбураторски уред – 16,000 денари, Ние во принцип не смееме да изведуваме вградување на плински уред во возила со воздушно ладење затоа што сега овој тип на монтажа не може да се атестира, со што и ние немаме правна основа за изведување на оваа услуга. Во секој случај можеме да направиме исклучок.
Информациите во постот се базираат на наши сопствени искуства.
Кога стапија на сила на ЕЦ 67Р регулативите, производителите на автогасни уреди не беа заинтересирани да развијат систем кој ќе влезе во ЕЦ 67Р регулацијата, заради малиот број на возила со воздушно ладење кои потенцијално би биле корисници на автогасни уреди
Најсвежи информации за проблематиката за атест на возила со воздушно ладење , дали може и на кој начин тоа би се направило, можат да дадат членовите на форумов nikola_bb и Ogi88, кои имаа разговори со надлежните од Машински Факултет за можни солуции за овие возила.