И сепак на крајот од краиштата, све се сведе на потрошувачката и до менталитетот на возачот во врска со потрошувачката...
Сепак ете Филип си призна дека со исто притисната педала за гас, кај 1.4 16v и кај 1.9 SDI, 1.4 бензинецот е побрз од дизелашот... Али ете пак се извади на менталитетот на возачите.

Ако имаат пари возачите, нема да му ја мислат за потрошувачката и до толку да отекуваат за неа. Ако немаат - плин.
Имам запознаено еден човек, татко на еден мој другар... У единствените 10 минути што правев муабет за коли со него, во секоја втора реченица му се спомнуваше потрошувачка. Значи до толку да се биде опседнат со потрошувачката и до тој степен да отекува со неа е нешто ненормално. Да живееше во Африка некаде и да немаше скршен динар, ќе го разберев... Па дајте, има доста побитни ствари од таа потрошувачка. Каде се тука снагата, меракот, брзината...
За плинот секогаш ќе се најде некој што ќе рече дека пола багажник губиш со него... Бреј. Али да се знае, не на секого му треба фул гепек за да ги задоволи своите потреби.
Али баш ме интересира што ќе биде кога производителите на коли ќе почнат да вградуваат само плински резервоар наместо бензински. И ете ти плин, со целосно слободен багажник..

Ептен е напорна темава...