Препорака за сервисер за ВАГ во Битола, и да не знае некој колку ќе ме кошта проверка во Бис Ауто на разладниот систем, течи од некаде антифриз од моторот. Повеќе од иљадарка не би требало?
Дијагноза маалски мајстор:
- дихтунг на декла или декла пукната, да се стави од оние средствата за затнување за проба
(не се ставе)
Дијагноза во Бис Ауто:
- на прв поглед исто како маалскиот, ама чекај да не течи од фланшата па да линеј по работ од деклата, и оп, фланшата пушта!
2400ден, оригинална со 2 години гаранција, ~3000ден комплет ама за среда, немаме на лагер.
Ама да се заврши истиот ден, можи заменска од продавница без гаранција:
1000ден фланша, 600ден раб. рака, 100ден некоја гумица
Тотал 1700ден, и завршена работа за 3 часа, со претходно закажување.
Топој!