Автор Тема: Разлика помеѓу полиуретански и гумени делови на предница  (Прочитано 7917 пати)

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Ако добро се сеќавам негде окулу 600 денари беше килограм, и тоа парче не е нешто многу големо :)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
две чаури да напраш со него на коњ си,3X поиздржлив од обична гумена чаура

Отсутен diablic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
полиамидот не е отпорен на вибрации,така да џабе фрлени пари.

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
е се залетувајте...прво распрашајте се кај Златановски во Сингелич.... има искуство, репарира се и сешто

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Вчера тргнав да ги нарачам овие:



За задните долни вилушки на алфата. Ова се кугласти лежаи (spherical bearing), со отприлика ваков дизајн:



Такви се оригиналните, и барав такви за да ги заменам. Но типот што ги продава (германска фирма е), рече дека не се така трајни и ми понуди суперфлекс полиуретански. Секако, цената на суперфлекс е далеку над оние од стронгфлекс, а стронглфекс има добиено позитивни критики по сајтови, па решив да си нарачам полиуретански од стронгфлекс.

Се надевам утре-задутре ќе биде нарачката, па за недела дена ќе стигнат од Полска. Покрај за задните вилушки, си земав и за задните напречни рамења. Резултати - веројатно уште следниот месец :) Ако се погодат, нешто и за напред ќе се нарача ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Стројна Алфа, Симо по друм вози. 

;D ;D ;D


Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
леле кај беше шина сега бетер ќе биде :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Јас мислам дека нема многу разлика меѓу сферичен метален лежај и полиуретанска чаура во флексибилноста. Ќе видиме. Искуствата на други луѓе се позитивни, па се надевам дека и јас ќе бидам добар :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Ај баш да ги видиме разликите и пред се старите што ќе ги извадиш на што личат.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Веројатно при вадење ќе бидат демолирани старите. Може да ти демонстрирам кога менував исти такви метални на самите рукавци на што личат. Башка, веќе „некој си играше со моите задни вилушки“ (или стручно - се заебав со репарација) па не знам што има наместо на овие кугласти лежаи.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Дашчиња.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
:D  Не бе, обично знаат на преса самата вилушка да ја стиснат, да ги „подзатегнат“ лежаиве. Или да ги напунат со гума и да ги затворат. Тоа е принцип на репарација во нашата држава. Сето тоа е краткотрајно.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Кажи која е разликата од нормалните,ценовната разлика и сл.

Овие треба да се многу помеки. ;D :P
А ценовната разлика мислам дека не е нешто значајна.

Погоре опишувам дека на задните вилушки имаат еден вид кугласти лежаи (скрол ап). Оригинални такви - нема, се менува цела вилушка. Јас најдов соодветни заменски, но фирмата што ги продава ме посоветува да си земам Powerflex и тој да ми ги прати од германија, за 230 евра само за долните вилушки. Јас се одлучив за Strongflex, кои се соодветно квалитетни и доста поефтини. Сите овие за долните и напречните вилушки, ме чинеа околу 150е сосе транспорт, царина и данок.

Во овој случај, може и да испаднат помеки од оригиналните (кугласти метални лежаи) ;D Додуша, само на едно место се кугласти, а на другите се обични гумени.
Уствари се надевам на постегната попрецизна суспензија - во секој случај, но не и на многу нарушена комоција.


Симо, жити господ, од кај ги нарача овие???
Може имаш кажано а имам пропуштено... Мајсториве звонеа по гејленд и Скопје и не успејаа да ми најдат за задниот трап вакви чаури или што и да се  :-\

Цени???

Благодарам за одговорот  :)

провери го сајтот www.strongflex.eu исто и powerflex.co.uk



Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Почна пролетното средување со свеќиците (btw, нарачани се веќе и мали свеќици) а продолжува со PU делови за заден трап. И предниот ќе си добие некои нови компоненти во исто време, кои ми се набавени од лани, ама не биле до сега за монтажа.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Се надевам дека ќе стигнам следната недела да ги монтирам ;)



Симо овие новиве многу се потврди од старите обични или уште не си ги опипал? И што значи црвенава боја, а што жолтава?  Или ништо не значи ;D А и плави има по интернетов.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Жолтата е спорт, црвената е нешто помека.
Секој производител си има бои со кои ја означува тврдоста, овие стронг-флекс имаат само жолта и црвена.