Автор Тема: MAC vs PC  (Прочитано 51756 пати)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
MAC vs PC
« на: 06 Април 2011, 11:07:52 am »
Кај отидовте мореееее.....купете си MAC не PC (Posran Computer) и не ви треба тјунинг на процесори и остали заебанции....:D :D :D :D

Отсутен Obicen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
MAC vs PC
« Одговори #1 на: 06 Април 2011, 12:37:30 pm »
 :D забегавме нели  ;D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
MAC vs PC
« Одговори #2 на: 06 Април 2011, 12:52:39 pm »
Кај отидовте мореееее.....купете си MAC не PC (Posran Computer) и не ви треба тјунинг на процесори и остали заебанции....:D :D :D :D

nice one
хахахахахахахаха

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
MAC vs PC
« Одговори #3 на: 06 Април 2011, 12:53:45 pm »
Ќе сум офтопик, грасАдминистратор извини за работата која ти ја отварам....
Кај отидовте мореееее.....купете си MAC не PC (Posran Computer) и не ви треба тјунинг на процесори и остали заебанции....:D :D :D :D
Што ти значи добар маркетинг....
1) МАЦ е РС - персонален компјутер, уште повеќе посран компјутер
2) Компонентите кои се вградуваат во ПЦ-ата со налепница од јаболко и текст Епл во последниве 6 годни ги користат истите компоненти кои се вградуваат во сите останати ПЦ-а без таа налепница, и тоа: Intel Core, Core2, Core i5/i7 процесор; матична плоча со соодветен сокет за тие процесори и чипсети Intel G31, P35, P43; DDR2/DDR3 RAM меморија, nVidia GeForce 7000/Intel onboard графички акселератор.
3) Оперативниот систем кој Епл го користи на своите мек-писија е Линукс со малку повеќе шминка и осакатени можности

Фактички аналоија на муабетов со Мек би му дошола една автомобилска грпуација каде истите подвозја, мотори и системи се користат во различни брендови на возила со различен дизајн и слични карактеристики. Пример Шкода Суперб 2.0ТДИ-ДСГ и Фоксваген Пасат 2.0ТДИ-ДСГ.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
MAC vs PC
« Одговори #4 на: 06 Април 2011, 13:47:45 pm »

Е да прав си...јас до некна имав Еден Ајсер мини за онлајн банкинг и еден ХП Павилион со Виста ОС за работа ама морав да се префрлам на МАЦ, зашто останав црна овца и 3 години давав отпор ама не биваше веќе. Цела фирма работи со МАЦ само јас бев изрод.
Сето тоа што го наведе е точно само заборави да наведеш дека како оперативен систем е многу постабилен од Вин.
Работи перфектно, супер брзо и што е најважно за нас ич не треба да му ја мислиш за вируси.
Не треба ни за бекап да мислиш затоа што ерпорт сам си прави бекап неколку пати дневно.
На ХП-то инсталирав секоја година лиценциран антивирус и пак имав проблеми со гнасотии кои дури ми го окупираа и екстерниот хард па за малку ќе изгубев се живо од податоци и после ќе требаше да се фрлам у Вардар со школка од фичо околу врат.  :)

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
MAC vs PC
« Одговори #5 на: 06 Април 2011, 13:55:13 pm »
Предлагам нова тема комјутертјунинг.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
MAC vs PC
« Одговори #6 на: 06 Април 2011, 14:02:17 pm »
Е да прав си...јас до некна имав Еден Ајсер мини за онлајн банкинг и еден ХП Павилион со Виста ОС за работа ама морав да се префрлам на МАЦ, зашто останав црна овца и 3 години давав отпор ама не биваше веќе. Цела фирма работи со МАЦ само јас бев изрод.
Сето тоа што го наведе е точно само заборави да наведеш дека како оперативен систем е многу постабилен од Вин.
Работи перфектно, супер брзо и што е најважно за нас ич не треба да му ја мислиш за вируси.
Не треба ни за бекап да мислиш затоа што ерпорт сам си прави бекап неколку пати дневно.
На ХП-то инсталирав секоја година лиценциран антивирус и пак имав проблеми со гнасотии кои дури ми го окупираа и екстерниот хард па за малку ќе изгубев се живо од податоци и после ќе требаше да се фрлам у Вардар со школка од фичо околу врат.  :)
Како што кажав, позади Епл пред се стои феноменален маркетинг. Потоа се сите останати работи како квалитет, функционалност и слично.

Сите тие работи кои ги кажа не се поврзани со хардверот, т.е. компјутерот физички, туку напротив со софтверот.
На РС кој нема налепница со јаболко можеш да инсталираш Мас ОЅ-Х. Ако те интересираат детали ќе ти кажам како.
Употребата на Мајкрософт-овите оперативни системи не е ниту нужна, ниту морална опција за РС. Значи можеш да инсталираш Линукс базиран оперативен систем, многу подобар од варијантата која ја користи Епл на своите брендирани Мекови.
Понатаму, на Мек можеш да инсталираш Виндоус.

Уште понатаму, софтверот за Линукс е бесплатен. Софтверот за Мас ОЅ-Х не е.

Ботом лајн. Компјутер кој се користи за професионални работи треба да биде токму тоа - компјутер за професионални работи на кои нема да се сурфа по интернет, да се спушта пиратерија и порничи со .ехе наставка. Јас користам Виндоус-и и не ми се случило да се заразам со гадинка во последниве 10 години, но јас не сум џенерал јузер кој лесно може да се зае*е и да активира сра*е и ќе се оградам од статистиката.

Понатаму, ако имаш битни податоци треба да имаш минимум 2 независни бекапи покрај главниот медиум со кој работиш, на пример еден на квалитетни ДВД-а, а друг на екстерен хард-диск. Дополнително можеш да имаш и RAID1 (Mirroring) систем доколку имаш битни софтвери и сетирања на оперативниот систем кои не сакаш да ги изгубиш поради тоа што ќе ти рикне диск.

Уан мор тајм, сори фор хајџекинг д трид. Ај хоуп дет д грасадминистрејт' уил мув д булшит ин анад' трид вери сун.
« Последно менување: 06 Април 2011, 14:14:53 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
MAC vs PC
« Одговори #7 на: 06 Април 2011, 14:23:24 pm »
Ќе го тргнат срањево и ја сум за тоа....
Хардверски предности...нема бучење на кулери....нема чкратње на хард диск....се е спакувано во една фина кутија која тежи едвам 2,5 кила (ХП-то тежеше како Волга)..дисплејот е нешто феномално.....батерија трае 6 шаса.....и нешто што навистина ми сметало кај претходните лап топи е што не светеше тастатурата во темно.
Софтверски прендости....нема потреба од иснталција на хардвер (сам го препознав, нема потреба од конфигурирање на инт.конекции...каде и да си само конект и ако има пасворд...нема она дали си сигурен, па дали сакаш, чекај да се конфигурира...па дали е домашна, бизнис или отворена конкеција (демек несигурна)..нема опасност од губење на неснимени документи...како и да исклучиш или затвориш по стартувањето се се враќа на десктоп, и да не трујам повеќе.
И јас мислев како тебе ама колку повеќе седам на него толку повеќе ми се свиѓа.
А знам сето тоа што го наведе...БТЊ имам инсталиран ВИН 7 на макот и го користам само за програма за сметководство...со парарел десктоп.
 
Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
MAC vs PC
« Одговори #8 на: 06 Април 2011, 14:28:50 pm »
А бе луѓе, темава е ТЈУНИРАНИ (РЕМАПИРАНИ) ВОЗИЛА ;)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
MAC vs PC
« Одговори #9 на: 06 Април 2011, 14:44:06 pm »
Џиџи, ќе ги преместат во друга тема, сега остај овде да се допишеме...  :D

Ќе го тргнат срањево и ја сум за тоа....
Хардверски предности...нема бучење на кулери....нема чкратње на хард диск....се е спакувано во една фина кутија која тежи едвам 2,5 кила (ХП-то тежеше како Волга)..дисплејот е нешто феномално.....батерија трае 6 шаса.....и нешто што навистина ми сметало кај претходните лап топи е што не светеше тастатурата во темно.
За разлика од производите на Епл кои се какви што се, кога сам си склопуваш конфигурација можеш да избереш какви делови сакаш. Односно можеш да си склопиш конфигурација која е многу поефтина, а сепак ти ги исполнува потребите и критериумите. Но можеш да си купиш и конфигурација со многу подобри перформанси, поквалитетни делови, физички помала и поубава на дизајн одошто било која опција на Мек. Јас во последниве 7-8 години секогаш имам неспоредливо побрз и поубав компјутер одошто најдобриот Мек кој се продава. Можеби ме чинеле подеднакво, а не ретко и повеќе, но јас лично си ги бирам компонентите кои ги сакам. Не морам да купам нешто кое не го сакам, ниту компјутер со инфериорни перформанси.

Цитат
Софтверски прендости....нема потреба од иснталција на хардвер (сам го препознав, нема потреба од конфигурирање на инт.конекции...каде и да си само конект и ако има пасворд...нема она дали си сигурен, па дали сакаш, чекај да се конфигурира...па дали е домашна, бизнис или отворена конкеција (демек несигурна)..нема опасност од губење на неснимени документи...како и да исклучиш или затвориш по стартувањето се се враќа на десктоп, и да не трујам повеќе.
Како што реков, можеш да платиш 1/3 од цената која ќе ја платиш за конфигурацијата(без монитор) со налепница на Епл и да го имаш истиот хардвер и истиот софтвер кој моментално го користиш. Значи се она кое го кажа, сите тие софтверски предности. Само конфигурацијата нема да ја платиш толку скапо и нема да имаш налепница од Епл на куќиштето. Но затоа имаш можност да си ставиш побрз процесор, повеќе РАМ меморија, побрзи и поголеми дискови, многу поквалитетна плоча, подобра графичка, подобро и потивко ладење, поубаво куќиште и др. И пак на крајот ќе ти излезе поефтино. Единствено мониторите им имаат релативно пореална(во однос на конкуренцијата) цена, и рака на срце, имаат многу квалитетни монитори, но не најквалитетни и не најдобри во перформанси. Но како што кажав, кога сам си склапаш имаш можност да купиш поквалитетен, поголем/помал монитор со подобри перформанси (и за повеќе пари ;D).

Цитат
И јас мислев како тебе ама колку повеќе седам на него толку повеќе ми се свиѓа.

А знам сето тоа што го наведе...БТЊ имам инсталиран ВИН 7 на макот и го користам само за програма за сметководство...со парарел десктоп.
 
Јас мислев како тебе, дека Епл нуди нешто поразлично се додека користеа IBM-ови Power процесори. Но како што кажав, веќе повеќе од 6 години Епл користи х86 процесори и стандарден хардвер како и сите останати х86 десктоп/воркстејшн компјутери. Така да Мек е најобичен ПЦ со јаболкова налепница на куќиштето и специфично нашминкан и осакатен Линукс оперативен систем кој не е бесплатен и за кој секој додаток се наплаќа. По мое гледање, купување на десктоп компјутер од Епл е нелогично и е подарување пари на Епл.
« Последно менување: 06 Април 2011, 14:53:38 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
MAC vs PC
« Одговори #10 на: 06 Април 2011, 14:51:30 pm »
Хахахаха не си во право барем за ова...ама да одиме далеку ептен...какво сакаш можеш да си нарачаш и сам да си го конфигурираш.
Сега на колегта ќе му стигне нов од Германија по негова желба правен.
Ако сакаш ќе го прашам па ке ти дадам адреса за нарачка.....БТЊ ...Kosten die Scheiße Turm.
A  кога сме кај парите...ни ги плаќам ни давам пари....ми донесоа од фирма таков каков што сакав и тоа што сакав. :)
« Последно менување: 06 Април 2011, 15:12:57 pm Sportex »

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: MAC vs PC
« Одговори #11 на: 06 Април 2011, 15:13:52 pm »
 Vielen Dank für das neue Thema ...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: MAC vs PC
« Одговори #12 на: 06 Април 2011, 15:31:14 pm »
ОК е што плаќа фирма, но да беше твоја фирмата сигурен сум дека ќе те интересираше делот за купување на истата конфигурација но за драстично пониска цена.

Инаку за порачките од Епл можеш да си порачаш конфигурација со незначителни можни варијации. Но најбитно, секогаш изборот е ограничен на стара генерација на компоненти. За разлика од нив, на не-брендиран компјутер можеш да си избереш иљадници комбинации на конфигурација. На пример, јас зимото во 2008-ма имав Core i7 со 12GB RAM. Можност за таков процесор Епл понуди речиси година дена подоцна. Во Јануари 2009 имав nVidia GeForce GTX295, само што излезе. Графичка карта од нејзин ранг е научна фантастика да ја имаш во Мек конфигурација. Конкретно еве фотка од конфигурацијата која ја имав тогаш:

Своевремено таа кофнигурација го бришеше патосот со најмоќната конфигурација на Епл која чинеше 2-3 пати повеќе, и тоа во сите можни апликации, игри и софтвери познати на човештвото.

Муабетов е отиден во крајности. Но целта ми е да ги разбијам заблудите и стереотипите околу производите на Епл. И тоа не кај тебе лично, туку општо на сите читатели. Епл имаат страшно добар маркетинг и премногу агенти кои работат на промоција на нивните производи. Рака на срце производите им се убави, квалитетни и функционални, но не вредат колку што ги продаваат. А во случајот за компјутери знаат да бидат безобразни и наместо хардвер да продаваат налепница и лого. Е тоа ме вади од такт.
« Последно менување: 06 Април 2011, 15:33:19 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: MAC vs PC
« Одговори #13 на: 06 Април 2011, 15:34:17 pm »
Абе види....кој како...имаше уште еден како тебе кај нас....што си порачуваше од ХП конфигурации по желба па после 2 дена користење (таман префрли се од стар на нов комп) му рикна хардот и не можеа да спасат ништо од податоци (стариот беше избришан и преинсталиран).....од тогаш стигна нареџење...сите на МАК без пардон! И тоа не беше прв пат да се случи.
Работимер од време на време во екстремно течки услови (жешко....прашина) и доста се патува...така да досега со МАК не сме имале проблеми со хардвер како со други.
Лани морав да купувам подлошка со кулери за да може да издржи ХП-то на тие темпертури и да не брчи како дизел со 500.000 кога го палиш на сабајле на минус 10.
Значи ти ми спомнуваш графички карти и процесори кои се поважни за игрици одколку за работа.
БТЊ ми покажуваш слики од стационарни конфигурации а јас зборам за лап топ...кзнаеш дека не е исто.
Само да знаеш дека Новиот иМАК можеж да го редиш како сакаш се разбира од тоа што е максум понудено.
А дали има на располагање графичка со која ќе можеш да ги играш најновите захтевни игрици тоа не знам...не ме интересира бидејќи не си играм на компјутер. Ама помладиве колеги играат па ќе ги прашам и ќе ти кажам што е достапно во моментов и која е нај нај конфигурација што можеш да ја порачаш.
А за цените...види....и кај колите е исто....VW кошта многу повеќе од конкуренцијата...оправдано или не...за дискусија е. И цените што ги гледаш овде немаат врска со цените во америка.Претвори ги еврата во долари и ќе ја добиеш вистинската цена ...Кога го земваме ХП-то кошташе повеќе (за 200 евра) од МАК БУк ПРО со најака конфигурација.
« Последно менување: 06 Април 2011, 15:40:54 pm Sportex »

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: MAC vs PC
« Одговори #14 на: 06 Април 2011, 16:47:17 pm »
Ботом лајн. Компјутер кој се користи за професионални работи треба да биде токму тоа - компјутер за професионални работи на кои нема да се сурфа по интернет, да се спушта пиратерија и порничи со .ехе наставка. Јас користам Виндоус-и и не ми се случило да се заразам со гадинка во последниве 10 години, но јас не сум џенерал јузер кој лесно може да се зае*е и да активира сра*е и ќе се оградам од статистиката.

FYI -  Работата ми е врзана со интернет и тоа ептен. Сервер, емаили, и триста други онлине гомна.