Во подфорум на Плимонт, на прашање поставено до Плимонт, ти се убацуеш со „јас ќе ти кажам“. Е тоа е проблемот. Никој тебе не те праша, ниту па беше општо прашање, туку прашањето беше поставено до Плимонт.
Хммм, од друга страна, ова е
форум, кој по дефиниција служи да слушаат (читаат) и зборуваат (пишуваат) повеќе луѓе. Доколку на едно прашање треба да одговори само еден човек, тогаш тоа прашање е за во приватни пораки, а не за во форум.
И уште нешто: аргументот „досадно“, кој како да го прочитав, за бришење на пораки не ми се чини во ред. Каде во правилата на форумот пишува дека пораките не смеат да бидат „досадни“? (без да навлегуваме во уште посуштинското прашање:
кој ќе суди
за кого некоја порака е досадна?) тоа налага во најмала рака менување на форумските правила.