Ај да пишам во соодветна тема, ќе се цитирам од тука
Јас само да споделам искуство и преголемо олеснување при чистење бандажи.
Sonax Beast wheel cleaner го прогласувам за вистински ѕвер кога станува збор за чистење "baked brake dust". Ќе документирам деновиве.
Бидејќи бандаживе се онакви какви што се, претпоставувам никогаш не исчистени од внатрешна страна, плус така стоени неколку години, имав мака при чистењето и отстранувањето на "brake dust". На првиот бандаж што фатив да го чистам, пробав неколку начини на чистење (средство за бандажи од Моје Ауто, шампони, сјаеви, сода бикарбони) но тешко одеше. Викам вака не ја бива, еден бандаж-еден ден.
Се навратив во лични пораки,
@Diesel ми имаше пишано од порано што е поефикасно за вака закоравени прљавштини, па така тркнав до CarBox и земав средство од Sonax, поточно Sonax Beast Wheel Cleaner, кое по предложеното од Дизел не беше најдобро, ама дека празник, земав тоа што беше достапно, и сигурен сум дека не згрешив, бидејќи ептен ми олесна при чистењето.
Моје Ауто имаше знаци дека сака да чисти (јас го користам на секое перење и супер си брка работа) ама во овој случај беше слабо во споредба со Сонаксот.
Сонаксов, прав ѕвер.
Е сега малку сликовито:
Многу битна работа!
Во секој случај користев сунѓерче за садови од грубата страна, бидејќи прашинава беше запечена и одеше полесно чистењето, ама лакот се изматира.
Пробав и со четки, се чистеше но сакаше многу повторување, ама лакот не се матираше си остануваше сјаен. Така да внимавајте за ова.
Со средствово на Сонакс останатите 3 бандажи ги средив за 4 часа, ми останаа уште краците, ама ќе биднат и тие.
За крај едно тизерче како стојат на кола