^
Dacia Duster на помош на заглавен Porsche Macan
Новиот Porsche Macan не мина славно на новинарската презентација во Мароко. Едно од тест возилата заглавило на теренот и морало да биде извлечено од „конкурентската“ Dacia Duster.
Фотографијата што ја направи Дејвид Грин, новинар на Car Magazine, несомнено ќе биде најдобрата реклама што евтината марка на Renault „не“ ја планирала. Новинарот објави на твитер: „Porsche Macan заглави на теренот во Мароко. Го спаси Dacia Duster“. Во следниот твит, Грин објави уште една фотографија како Macan минува по каменест терен со кренато задно тркало и коментираше: „Macan се покажа подобар на теренот отколку што очекував. Преживеа без помош од Duster“. Можеби резилот немаше да биде толку голем доколку организаторите на презентацијата за новинарите обезбедеа пратечко возило од сопствената моделска програма …
LosiPatista