Автор Тема: Најдобро теренско возило???  (Прочитано 243372 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1245 на: 16 Мај 2016, 10:37:15 am »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1247 на: 04 Јуни 2016, 11:02:15 am »




« Последно менување: 06 Јуни 2016, 16:47:08 pm Deni »

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1248 на: 08 Јуни 2016, 22:25:41 pm »
Нее, старците да ги прашаш крута суспензија требало да имаат теренците.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1249 на: 09 Јуни 2016, 03:35:00 am »

Отсутен Bubo Bubo

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1250 на: 13 Јуни 2016, 17:31:21 pm »
Во задно гледав теренци, дали ќе купам тоа е друго :).....Возилца кои ми привлекоа внимание
1.Opel Frontera, 2.2 dti или бензин 3.2 v6 мотор 2002-2004 , со 3 врати, пократка осовина, генерално по форумиве за офф-роуд задоволни.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
2. Lada Niva нова или не постара од 5 години, цена на ново околу 8500 илјади, 1.7i инџекшн, нема каде што не се качува, со корозија од она што сум ги гледал кај нас се така така.....најнормално возило возено на терен неможеш да очекуваш да не е оштетено.
3.suzuki jimmy 1.3 моторче, 4х4 кратка осовина згодно за качување, пред некој 4-5 месеца во Солун начекав на плац такво за само 3000 евра 2005 со 48.000 км, возено на некој грчки остров рент а кар, ама не бев во можност инаку ке го довлечкав
4.Ssangyoung Koronado модел до 2004, штета што кај нас не се наоѓа некое вакво, едно зелено се врти низ кичево(и околните планини) ама е во доста дефект варијанта, пготово каросериски.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
5.Land rover defender 90, кратка осовина, топ џипче према ревјуа и коментари на корисници по  форуми. На ново е малку соленко, бар во Грција и Бугарија, кај нас не знам ни дали го има во понуда.
6.Land rover discovery 2, производство измеѓу 1998 и 2002 2.5 tdi....
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Добра ти е листатата, сакам да споделам од моето скромно искуство со некои од наброените возила.

1. Frontera.
Возам изминативе 7 месеци Y22DTH кратка/SWB Frontera RS Limited 2.2 DTi автоматик 6/1 2001 година со сасо-манге опременост.
Најголемиот дел од ова возило е Isuzu MU/Amigo, изработката на електричната инсталација посебно ме фасцинира со одличното рутирање на каблите, квалитетни конекции и одлични електро/електронски компоненти.
- Одлична е на лоши терени, во кал, вода, во скоро сите ситуации ме извадила од „гомна“. Уште сум немал прилика да ја пробам во длабок снег, до сега у една педа мокар снег најдлабоко, без наноси и добро и оди, се снаоѓа со помош на паметните програми за пролизгување и доста помага со ESP/ABS. Ми се случило да морам да ја влечам на „стомак“ низ бразди направени од влеча на дрвокрадци. Одвратно звучи ама има добра заштита со челични браници/штитници на сите витални делови помеѓу патос и шасија. Досега успеав да го повредам само штекерот за приклучување камп/приколка и слично. Кај мене има Limited Slip диференцијал, убава опција е во 4x4 режим кога имаш тркало во „воздух“ детектира дека нема тракција т.е. дека е неупотребливо, истото го блокира со диск кочницата, па снагата се распоредува кајшто е потребна.
- Одлична е на отворени патишта, мирна и тивка иако возам BF Goodrich All Terrain T/A 235/70/16 кои што важат за многу бучни гуми. Се слушаат во кабината на автопат над 130kmh, викам дека е тивка земајќи го во предвид профилот на возилото, звучната изолација плус гумите. Со „свилени“ гуми е сигурно доста поудобно возењето на отворен пат.
- Има одлично осветлување на патот и со фабричките светла. Долги и кратки светла има во примарните фарови. Дополнително, тркалезните фарови на bullbar-от се уствари долги светла, кога возиш offroad можеш да ги насочиш како ти одговара. Магленките исто одлично осветлуваат, но сум приметил дека возачите од спротивна страна често се жалат дека им сметаат. Затоа ги користам само во густа магла и кога има помалку сообраќај, во „ситна“ магла и кратките бркаат работа.
- Одлично ниво на безбедност.
- Комотна за тројца плус возач.
- Одлична изведба на греење и ладење на кабината.
- Потрошувачка од 8,0 до 9,0 литри на 100km.

2.Lada Niva.
Возам неколку ниви изминативе 10 години углавно 1.7i безин, со ниво на опременост нула-зарез-еден т.е. само хидрауличен серво управувач. Возило за кое што ниту јас, ниту производителот неможеме да дадеме конкретни спецификации, не ради разлика од серија до серија, туку разлика од единка до единка у серија. Генерално, квалитетот на изработка е „бутај нека чури“ Последните купени нови 2011, имаа пуна капа проблеми уште од салон, благодарение на спремните сервисери се решија многу мистерии. Едната имаше проблем со кочници, блокираше предно десно тркало, задните воопшто не кочеа, проблемот се реши после неколку пати носење на сервис и краткотрајни оправки, за на крај да го извадат „петиот“ цилиндер „Y“ гомце кое што ги разгранува цевките за хидраулика на кочници позади. Другата имаше и има проблеми со: Прозори (курблите не работат), Врати (не дихтуваат), Изолација и звучна и од вода. (Кога врне, све што влага у решетките на хаубата доаѓа под педали и на патос кај совозач). Проблемот се решава со бурмашина, по две дупки 8mm у патос на двете страни. Нивата последно ми се удави у една педа вода, почна да трокира и неќеше да иде повише од 2000RPM. после 8 дена сушење се опраи, не е иста ама тера.
Lada Niva „погодена“ нема и нема да има, освен ако не ја погоди некој ловџија со сачмарка.
- Совршена е на лош терен, не затоа што е стварно добра, него затоа што е евтина и ич не се притресуеш дали ќе ја „одереш“ дали ќе пукне нешто у подвозје и слично. Со Voltyre гуми најдобро се држи на снег, на мраз, у кал ама не и на песок. Бучна е, тресе све што може и неможе ама ќе се качи и ќе се симне како права животиња скоро секаде. Ми се случило неколку пати од инат да заглавам у длабок и мокар снег. ама со малку ентузијазам и лопатање секогаш се враќаш на пат. Краткото меѓуосовинско растојание ја прави ѕвер.
- Одвратна е на отворен пат, за да стигнеш од Скопје до Дојран ти треба пакетче аналгетици. Боли глава од смрдеата на бензин (Нема Lada Niva што не смрди на бензин у кабина да се разбереме), возиш ли побрзо од 100, осеќаш дека несигурно се управува и дополнително бучавата те убива у поим. Бучавата доаѓа од трансмисијата и останатиот машински дел, у суштина на отворен пат нема разлика дали возите со летни „ќелави“ гуми или со крампонките на Voltyre. При брзина над 90kmh ретровизорите автоматски се затвараат.
- Осветлување на патот исто како кај Yugo 45, на преминување од долги на кратки и обратно има пола секунда тотален мрак. Прво што треба да се поправи т.е. замени кај Niva е осветлувањето на патот. Главните фарови препорачувам да не се чепкаат, го извадиш ли, тешко да го вратиш назад читави, пуцаат пластичните држаљки/штелачи. Значи додатни светла, најдобро на кров, е нешто што мора да се докупи.
- Пажљиво со ручката на гепекот и подалеку од деца, на затварање вратата повлекува силно, така на еден драг колега му ги расплака пртсите на раката.
- Оваа што сега ја возам е нецели 5 години стара, толку брзо скапува што у тишината на планините можеш да ја слушнеш како скапува.
- Нема ни И од интелигенција, кога возиш, мора да си „сега и тука“.
- кога преоѓаш реки, очекувај ја реката у кабина и стискај заби да не се „удави“ моторот.
- Седиштата се крајно неудобни, мене искрено ми е поудобно да седам на дрвена клупа у парк.
- Контролите и индикаторите на шалтабла се тотален хаос, дезорганизирано купче прекидачи.
- Вентилацијата има избор да дува во лице или на стакло, ладен и топол воздух мешаш со два лизгачи кои нормално глават како и се друго.
- Ако не ви сметаат негативните страни, тогаш вреди за парите, со назнака. Да се чува подалеку од деца и децата да се чуваат подалеку од неа.
- Потрошувачка зависи од единка до единка, 13-20L на 100km.

3. Suzuki Jimny
Немам искуство со Jimny, неби да пренесувам информации од втора рака.

4. Ssangyoung Koronado
Еднаш у живот сум видел на TV :) , стварно се ретки.

5. Land Rover Defender 90
Немам искуство.

6. Land Rover Discovery TDi 2.5
Возам изминативе 5 години, интензивно по најтешките терени во нашава мала земја.
Моделот којшто го возам е Discovery 2.5 TDI од 2000 година, 5 степен рачен мењач, со ниво на опременост, Клима, Хидраулично серво управување, Централна брава и Електрични прозори и ретровизори.
Оригиналниот редуктор останал без уље па се одјавил непосредно пред да падне во мои раце. Сега има редуктор од Defender 90, малку е поспор од оригиналниот но тоа додава на моќност што е голем плус.
- Одличен е на лоши терени, сум имал лопатање на земја, кал и снег ама све тоа како последица на висок степен на ентузијазам и желба да се стигне до точката без пешачење.
- Фабрички без дополнителен снорк и други тракаташки нема проблем да се нурне у вода до пола фарови, вода ќе влезе у кабина ама се толерира.
- Со ланци на сите тркала бутка снег до ниво на хауба, абе мал ратрак што да се раскажува.
- Седиштата се кралски престол, стварно е удобно да возиш и по 1000 километри у еден здив.
- Комфорен е за четири патници плус возач.
- Проблеми досега имал поради нередовно одржување, прво редукторот го оставиле без уље, второ изгоре дихтон на глава на 200.000km со него пукна и експанзиониот сад за антифриз, трето ламела никад не смениле па пукна виљушката на 280.000km. Гумениот бафер и крстачот на заден кардан често страдаат.
- Звучната изолација му е иста како кај Lada Niva т.е. ко да нема изолација воопшто, малку е потивок у однос на Lada, ама па не тресе и удобно е возењето.
- На нерамен терен се понаша како брод, буквално ги препливува браздите.
- Со тоа што има такво вешање и добро изведени стабилизатори нуди можност удобно да се вози доста побрзо споредено со многу други теренци.
- Електричната инсталација, поготово централното заклучување е пекол во хаосот. Една врата се заклучува, две се отклучуваат петата ништо не праи, random mess што би се рекло.
- Потрошувачка со 2,5TDi 7,5L на 100km а 2,5TD5 околу 14.

Да резимирам:
Niva, Ѕвер плус главоболки, никако на подолг пат со неа.
Frontera, Ѕвере, добро и на долги патеки и на лоши терени.
Discovery, Ѕвер, плус ратрак и комфорно возење.
Oprem dobro

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1251 на: 14 Јуни 2016, 11:26:42 am »

Имав средба скоро со вакво 2.8 литарско 2010 во Словенија на плац...цена боли глава 14.500 таму....со 66.000, го користел наводно само од Љубљана до Пула, некој Хрват не бил малтретиран...али во секој случај многу пари....бар за мене...:)




Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1252 на: 22 Јуни 2016, 09:47:08 am »
Ако мислевте дека сé видовме од Land Rover - се лажете! Најновата провокација доаѓа од питорескното место Штајн ам Рајн во Швајцарија, каде стандардниот Discovery Sport повлече воз тежок 108 тони. Целиот потфат е изведен не само со цел да се покаже моќна на 180-коњскиот дизел и деветстепениот автоматски менувач, туку и да се демонстрира палетата активна електроника која играше голема улога.

Патувањето на Land Rover како локомотива траеше 10 километри. Според спецификациите, Discovery Sport може да влече приколка од 2,5 тони. Единствената модификација на возилото беа додадените железнички тркала за да може да се движи по шини.


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Bubo Bubo

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1253 на: 04 Јули 2016, 13:17:16 pm »
Како изгледа Lada Niva стара 5 години, растена покрај море.
Oprem dobro

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1254 на: 11 Јули 2016, 14:57:21 pm »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1255 на: 17 Јули 2016, 09:19:30 am »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1256 на: 22 Јули 2016, 00:24:16 am »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1257 на: 12 Август 2016, 10:59:19 am »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1258 на: 01 Септември 2016, 22:24:03 pm »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1259 на: 21 Септември 2016, 14:01:05 pm »


... ко мислиш ластегарки да се.