Автор Тема: ИНТЕРНЕТ ТЕЛЕВИЗИЈА- Спој од моќниот интернет и традиционалната телевизија  (Прочитано 5180 пати)

Отсутен Dingo

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Свесни сме дека во светот постојам стотици сајтови на кои може да се гледаат многу голем број на ТВ канали. Со тоа, локалните и регионални телевизии повеќе немаат граници. Слободно преку интернет стрим може да се следат многу повеќе од тоа што порано можеа. Повеќе нема само во еден град или еден регион, сега можат во целиот свет.
Пред неколку години, ми текна да направам и јас сајт за online телевизија. На мојот сајт (МКПредавател) Вие можете да следите над 150 домашни и странски ТВ канали, и тоа: многу македонски национални, локални и регионални канали, голем број на канали од Балканот и Европа, некои од најпознатите документарни канали како: Nat Geo, Nat Geo WILD, Discovery channel, Discovery Science, Discovery World, Investigation Discovery, TLC, Animal Planet, но тука се и ексклузивните: Discovery Home& Health, Discovery turbo и History channel. Покрај овие, има и за најмалите, и тоа најбогата понуда досега: Disney, Disney xD, Disney Junior, Nick, Nick Jr., CN, Discovery Kids. Од филмските, ексклузивните: AXN, AXN White, AXN Black, FOX Movies, FOX, SyFy, но и традиционалните: FOX life, FOX Crime, TV1000, MGM и Universal channel. Како најголем ексклузивитет се најбараните и најпознати филмски канали: HBO, HBO HD, HBO2, HBO Plus, HBO Family, HBO Signature, Cinemax, MaxPrime. Покрај документарни и филмски, тука се и спортските. Sky Sports 1, 2, 3 и 4 се најгледаните спортски канали во Велика Британија, а јас ги нудам бидејќи они ги имаат правата за Англиската Премиер лига. Од забавни, тука се Sony, Sony Spin, Fashion TV, како и холивудскиот E! Entertainment. За музика, секако MTV, MTV Dance, MTV Hits, MTV Rocks, Vh1, Vh1 Classic, Mezzo, VIVA и некои други. Исто така имаме и канали за вести и канали само за возрасни. Нешто во што сме лидери се и HD каналите: TRT HD, HDTV1.cz, NASA HD, One HD, History HD, Discovery HD Theather, ESPN HD, MGM HD, Max HD, Nick HD и HD Media.
Покрај овие ТВ канали, постојат и многу македонски радија, како и еден вид видеотека со видеа кои ќе Ви го олеснат животот.
Сите ТВ канали, сите ФМ радија, и се' останато е сосема бесплатно.
Доколку знаете некои други сајтови за гледање ТВ, пишете. Исто така очекувам забелешки, критики и пофалби околу мојата замисла за мојот сајт.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
За забелешки на твојот сајт отвори си контакт мејл, не го злоупотребувај Carclub форумот за тоа.
Ќе му оставам на администраторот да одлучи дали е ова „обид за (не баш)суптилно рекламирање“, со оглед дека ти е прв пост, и с` неба па у ребра, одма твојот сајт си го промовираш.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Има МоторсТВ, најс... кој што не работи

Отсутен Dingo

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
За забелешки на твојот сајт отвори си контакт мејл, не го злоупотребувај Carclub форумот за тоа.
Ќе му оставам на администраторот да одлучи дали е ова „обид за (не баш)суптилно рекламирање“, со оглед дека ти е прв пост, и с` неба па у ребра, одма твојот сајт си го промовираш.
Да, на некој начин се рекламира сајтот, но бидејќи имам и спортски канали кои емитуваат трки, па реков да Ве информирам.


Има МоторсТВ, најс... кој што не работи
Motors TV работи, само потребно е да се причека додека да се тргнат скокачките реклами.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
А да се јави некој и да каже....Сакам банерче кај вас, колку треба да платам?

А бре Македонче!

Отсутен tonka1

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Пријателе @Dingo , ти имаш права за сите овие канали да ги емитуваш или само ти текна, да ги емитуваш?

Отсутен Dingo

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Околу рекламирање кај Вас, не тоа не ми е целта.
Околу права за нивно емитувате (реемитување) секако дека немам. Сите овие канали се превземени од трети лица. Скоро 80% од каналите се превземени преку слободниот (Embed) код.
Иначе очекувам уште коментари.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Може грешам ама ова мене ми личи на апла саморекламирање?

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
и да е,негледам ништо лошо.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
А да се јави некој и да каже....Сакам банерче кај вас, колку треба да платам?

А бре Македонче!

и да е,негледам ништо лошо.

Кој рече лошо дека е! Читај малку!

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
на секој агол околу нас има реклами.
со само спомнување на некоја фирма тука на форумот е еден вид на реклама,плаќа некој за тоа?
неможе до толку да се изрегулира се и да биде под конец.
да прочитав,но ако може да пројде зошто да не пројде.
не дека ние македонците сме такви а другите нации се подобри.
секој гледа да ќари нешто,само начинот е друг.
и доста се омаловажуваме,ах бе македонче,само ние македонците сме вакви....еден,двајца,10 не ја прават сликата за целиот народ :)

офф.читам некој на плажа бил од струмица,правел глупости и одма коментарите ,....не не бива :) или глуп народ....кој сака нека си  коментира во свое име.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Не, ама како шо кажа Симо, снеба па у ребра. Прв пост и ајде одма без пари реклама, удри. Ако нејќе да се рекламира што пишувал тоагаш?

Не е мое да одлучувам за ова си има админи и модератори ама ич не ми се допаѓаат вакви работи, ич!

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
најдобро да си се договорат газдата на форумот со МКПредавател
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Форумов е наменет за други работи, првенствено за дискусии околу автомобили и, а не за саморекламирање и промоции. Ако е во контекст на некој друг муабет тогаш ок, ама ако секоја фимичка која се бави со плетени чорапи  си отвори  тема „Плетени чорапи - шест пати поквалитетни од ткаените“ успут со врска до нивниот сајт, не е ОК. Затоа постои делот „пријатели на Carclub", каде си имаат простор одредени луѓе и фирми. Секако, успут некако придонеле за општо добро на форумов и членовите.

Тие работи се договараат со ZeroSignal, па бујрум, ако е за соработка, нека го контактира. Сега за сега, јас ќе ја затворам темава, а кога ќе се појави Зеро, ќе одлучи што понатака.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.