Да ја офрешиме малку темата.
Деновиве беше на детална проверка кај Жаре. Се е одлично. Продолжуваме понатаму и после разговор со госпожата,... нема да се продава. Не ми се замара со некој крш, кога имам стварно добро и исправно количе. Башка не ми се дава.
Е сега, она што се размислувам, е ребраст каиш.
Не е сменет каишот од 2012 година (кога ја купив) а од тогаш некои 40 000 километри имам поминато.
Не знам дали да менувам каиш (некои викаат на 5 години, некои на 6 години, некои дур не направиш 80-90 000км). Со ова темпо, ќе треба уште 6 години да чекам за каиш
Така што, ако има некој совет...