Автор Тема: контакт брава на матис  (Прочитано 1858 пати)

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
контакт брава на матис
« на: 29 Јули 2012, 12:38:50 pm »
ајде совети и консултации??!!??

пошто добив задужење од дедото, ми интересира што може да се направи и да биде потрајно решението,
контакт бравата во матисот се блокира, еднаш му ја поправале, мењале некои улошци или така нешто,
зачуван е стариот клуч, арно ама и тогаш му рекле дека не е трајно, најдобро да го стави на тастер палењето,
мене лично ова не ми се свиѓа, па да видиме дали и како може да се реши.

бравата блокира, клучот не можеш ни најмалку да го свртиш, после некое време убедување и мрдање на клучот лево-десно-горе-доле, завртува бравата, добива контакт и пали.

најтрагично до се е што колава е купена нова и за 5-6 години има некои си петнаестина иљади км поминати.
треба да е фејслифтот м150.

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: контакт брава на матис
« Одговори #1 на: 29 Јули 2012, 14:52:55 pm »
Според мене најдобро е нова брава да си земе, не е никакво решение на тастер да биде. Бидејќи се заглавува бравата, таа има некој механички проблем на пример да гореше брзо уложакот (тој што е задолжен да даде сигнал за палење тогаш ок тастер ама вака не е решение). Едно мислење од мене да пробаш да ја подмачкаш да видиш дали ќе има некој ефект со вд40 или некое такво уље.
Ама најдобро мислам да се смени со нова брава, пред тоа да се расклопи да се види што е проблемот ако може.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: контакт брава на матис
« Одговори #2 на: 29 Јули 2012, 15:41:09 pm »
Мислам не знам што е проблемот, нова брава и ајт создравје :)

Убаво кажа Ogi прво да се провери ама мислам нема спас. Јбг!

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: контакт брава на матис
« Одговори #3 на: 29 Јули 2012, 16:22:21 pm »
Ке го решиш проблемот ако е на тастер, нема ништо да му биде, ама не е естетски убаво и според мене, и ја не би идел на таква солуција тастери, кабли да висат ова она иако и така би се решило, затоа најди од некој друг матиз што се продава во делови или по отпадиве ако има, и смени ја бравата, што друго да ти се каже

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: контакт брава на матис
« Одговори #4 на: 29 Јули 2012, 16:36:54 pm »
Ако убаво го сватив звонког он вика дека го ставаш клучот и неможеш нигде да го свртиш треба да се мачиш и контакт да дадеш, а обично кога се прават коли на тастер со клучот ти даваш контакт прво па после палиш со тастерот.
Само колку да спомнам пред некое време се возев во еден опел што контакт се даваше со спојување на две жици :) и со третата жица се допираше да запали само :)
Ова е решение ако не ти е мила колата и сакаш сите да можат без проблем да ја провозат :)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: контакт брава на матис
« Одговори #5 на: 29 Јули 2012, 17:02:27 pm »
Подмачкај ја бравата со тефлонско (PTFE) уље и смени го пак уложакот. Да не ти е крив клучот?

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: контакт брава на матис
« Одговори #6 на: 30 Јули 2012, 15:51:51 pm »
јас го имав истиот проблем на Реното на татко ми ..

проблемот не беше до бравата туку клучот беше многу излитен и во одредени ситуации нејкеше да фати како шо рече Ѕвонко требаше да во мрдаш лево десно ... проблемот беше решен со правење на нов клуч  :)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069
Одг: контакт брава на матис
« Одговори #7 на: 30 Јули 2012, 17:34:45 pm »
фала на сите...... и ДА, не завртува клучот воопшто кога ќе го ставиш во бравата.
ќе мора лично една инспекција јас да му направам, за подетално да знам што и како се понаша.

каде се може да се купи нов уложак или цела брава итн. за даеву матис ????

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: контакт брава на матис
« Одговори #8 на: 30 Јули 2012, 17:41:49 pm »
Во диро или во аутомакедонија да бараш незнам на др место кај може да има.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Re: контакт брава на матис
« Одговори #9 на: 30 Јули 2012, 17:51:55 pm »
Nova brava komplet, so nekodiran kluc okolu 4000 u diro. Ako e klucot kodiran, bese nesto poveke. Imav slicen problem na matizot pred okolu mesec dena. Kaj mene klucot se vrtese u sekoja nasoka, pa duri i koga ke go izvadis si ostanuvase kontaktot. Nemase kako da zapalis ili da izgasis kontakt. :)