Томе и Мартин, Спаркот колку и да го ланчам не може да му се фати на Кадетот кога станува збор за моите емоции кон сопствена кола. Спаркот го ланчам зошто е вистинското возило за во вистинскиот град. Спаркот ми треба за возење од точка А до Б. Тоа што го ланчам и што му правам навлаки на волан не го правам за него, го правам за мене. Да ми биде меко кога ќе фатам волан во рака.
Кадетот 46 години е само хранет со бензин и масло. Никогаш не осетил восок, гаража, нови гуми, навлаки, премиум масла (цел живот пие Ина Делта и Лубекс од Макпетрол). Никогаш не бил на перење во сервис за миење возила. Но сепак на него се научив да возам и го возев 10 години пред да го земам пежото и спаркот а и ден денес го возам. Сум бркал пички, сум ги дробел внатре, грозје сум носел во гепек, цемент, када имам горе на кров на багажникот носено од Скопје до Сретково. Никогаш не ме оставил на пат или пак дозволил да се осеќам несигурно во него.
Но како и да е тоа се мои благодарности и импресии од колата. Таа сепак ќе си остане куп железо (веќе и р’ѓа). Никогаш нема да ме опцуе или да ме отера УПМ. Пак ќе речам тоа се само наши чувства и предиспозиции кои ги имаме кон одреден модел на возило. Ако некој некогаш ми пцуе или крши кола (како некој деновиве што пробал да ми ја искрши таблицата на кадетот) тоа е пцовка кон мене. Колата е само куп железо.