Би сакале да презентираме една новина, а тоа е проектот ,,Дизел на Плин,,. Самиот проект го доверивме на двајца апсолвенти на Машински Факултет – Скопје, пратени од самиот факултет на пракса во Плимонт. Момците покажаа ,,особен интерес и залагање" т.е сосем солидно ја совладаа проблематиката за поставување, калибрирање и изнаоѓање на решенија при појава на евентуални проблеми на ЛПГ уреди на бензиски мотор.
Од таа причина, со (речиси) целосна доверба им го предадовме проектот дизел на плин. За подготвување на проектот на располагање ја имааа архивата со технички документи на Плимонт (затоа момци Ве молиме без плагијати, или ако Ве подмити конкуренцијата барем да не биде за мали пари
).
Плимонт обезбеди возило,
Mitsubishi L200 2008 година, со 2.5 литарски турбо дизел мотор, како и соодветен ЛПГ уред за ова возило.
Се пристапи кон вградување на уредот., нормално со заеднички сили, и кон крајот на денот и тој дел се заврши успешно.
Добиените резултати по првичните мерења се позитивни, се доби нешто на сила , економичност, и што е најважно кај нас, екологија
Ред е да се заблагодариме на нашите идни Машински инженери за вложениот труд и потрошено време. И не е точно дека денешните студенти не учат, момците беа добро теоретски потковани и оспособени за разрешување на проблемите во практичната примена на знаењето.Ова беше нивен проект.
Од нас толку, уште ќе постираме фотографии од дизел возило со плински уред и ќе ги повикаме нашите соработници да се логираат, да се претстават и доколку има прашања да одговораат на нив.
Благодарам