Автор Тема: Тојота РАВ4  (Прочитано 6580 пати)

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Тојота РАВ4
« на: 27 Јуни 2012, 17:01:59 pm »
Конечно најдов време да го покажам и мојот миленик.



Средина на 2008 година, 2.0 бензин, 158 коња, 4 цилиндри, 16 вентили, 4 пута 4 погон, аутоматик мењач.



Во принцип ова пакет Тера (најосновниот пакет, ама додадени се толку многу работи што слободно може да се каже дека е блиску до егзекјутив пакетот.  ;D



Дополнителна опрема, аутоматик мењач, греачи на седишта, најскапото радио со 6 цда рдс (без навигација) небрендиран JBL (ми бараа 35 евра лепенката ЈБЛ! Им реков гонете се) со пропратно ЈБЛ озвучење, на МАКС КОРНЕ! стварно добар звук дава, нема кожа ама стварно добар штоф, 3 сета бандажи (16ки челични црни, 16ки челични сребрена боја и 17ки алу фелни), моментално се возат Мишелин Латитуд Тур ХП гуми, горе има шини на кои се закачуваат 2 метални држачи кои крепат до 100 кила (скии, кану, куфер), блокирачки диференцијал, контрола на спуст...отприлика тоа е мислам, прилично е гола, ама тоа е секоја Тојота во тера пакет поготово споредена со други коли.



Се приближувам до 100.000 км, секогаш правен редовен сервис во Тојота на секое 15.000 км според книга, масло од Тојота препорачано фул синтетик, немам буквално ништо сменето дури ни сијаличе а ни плочки на кочниците, сеуште бааѓи месо имаат...Филтерот за воздух го менувам на дупло од препорачано зошто е солза чист, дури мајсторите се чудат... Претежно ја возам на отворено. Никогаш не е гаражирана, нон стоп надвор, редовно чистена и перена, ако нешто многу ме нервира тоа е нечиста кола, затоа во секое време колата ми е како тогаш од салон купена...Мал пример, моторот го чистам околу наоколу со обично средство на секое 2 недели, никогаш не е перен, еве како изгледа гнасен



На последната проверка на подвозје пред 2-3 недели буквално немаше ниту еден милиметар рѓа, колата е возена во најекстремни услови (снег, мраз, планини, -30 целзиусови) па се до југ на Шпанија, Мароко... Во зима се пери 2 пати неделно со перење на шасија и восок...

Потрошувачката на автопат е минимална 7 литри, најчесто е 7.5/8 (со возење до 120) побрзо троши и повеќе. Најминимална потрошувачка имам извадено 6.3 ама ептен во идеални услови и не верувам дека пак би се случило. Во град ги јаде 10/11, а комбинирана за сите овие километри е 9.3 литри. Троши малку повеќе поради аутоматикот, ама па затоа ептен лагоден е за возење.

Единствена мана би било при последниот сервис ми фалеа околу 200 грама течност за ладење, веројатно некој семеринг на водна пумпа попуштил, проверена беше но исправна е и не тече па оставив за наредниот сервис да ја сменам поради превенција, иако досега не фали воопшто течност. Масло ниту грам нема потрошено а јас ја возам убаво на автопат, некогаш и троа побрзо.

Исто ја имам и оваа решетка за куче, јас додуше ја користам кога треба да го товарам багажникот  ;D



Тоа е отприлика, фантастично возило за секоја прилика, и мало и големо, одлично за по планини и авантури а истовремено супер комфорно на автопат и до некаде лесно за снаоѓање низ град.



Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Тојота РАВ4
« Одговори #1 на: 27 Јуни 2012, 17:08:30 pm »
sto da se kaze, toa e toa...JAPAN

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Тојота РАВ4
« Одговори #2 на: 27 Јуни 2012, 17:27:28 pm »
Браво за 4х4. Убава кола. За разлика од наследникот нејзин. :) Кога ти е резервирано да ставаш систем за погон на течен гас?

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Тојота РАВ4
« Одговори #3 на: 27 Јуни 2012, 17:34:18 pm »
Живео Јапан и ние среќните сопственици ;D
Да те пофалам за хигиената, и мене ми е таа на прво место.
Убаво возило си поседуваш, ти посакувам многу безгрижни километри :)

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Тојота РАВ4
« Одговори #4 на: 27 Јуни 2012, 17:37:40 pm »
Браво за 4х4. Убава кола. За разлика од наследникот нејзин. :) Кога ти е резервирано да ставаш систем за погон на течен гас?

Наследникот кој има фејслифт изгледа ОК иако моторот и внатрешноста се потполно исти. Мана е што немаат ксенон, добро би било.

Исто јас немам ставено магленки (од полициски причини) и не сакав темпомат.

Не е во план ЛПГ поради неколку причини, багажникот не е којзнае колку голем, не верувам дека постои добар плин систем за овие мотори, често патувам во странство а таму плинот е поретко застапен и во многу гаражи итн не можеш да влегуваш со плинска кола и така, дефинитивно тоа не е опција. А и потрошувачката за олкава голема кола со 4х4 аутоматик е сосема солидна...

4х4 не е перманентен, работи се до 60км/ч потоа се исклучува и се префрла на преден погон но има сензометри (или како и да се нарекуваат) кои постојано добиваат фидбек од тркалата и по потреба за брзо време силата од напред се префрла позади онолку колку што е потребно. Автоматски се исклучува кога кочиш...Со диф лок функционира до максимални 40 кмч потоа се исклучува сам...


Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Тојота РАВ4
« Одговори #5 на: 27 Јуни 2012, 17:42:58 pm »
Живео Јапан и ние среќните сопственици ;D
Да те пофалам за хигиената, и мене ми е таа на прво место.
Убаво возило си поседуваш, ти посакувам многу безгрижни километри :)

Фала, само добро да ти се врати.

Навистина од механичка гледна точка сме среќни сопственици. Рекорд што имам направено со возење ми е 2600 км за 3 дена буквално без престан возење, од утро до вечер. Низ 40 степени, колата буквално А не кажа. И тоа газење.

Е сега мана и е што знае да биде досадна внатре. Нема блутут, нема дугмиња, нема не знам каква електроника... Ама па брка работа.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6101
  • 69
Одг: Тојота РАВ4
« Одговори #6 на: 27 Јуни 2012, 17:44:36 pm »
Стакло е тојоткава...Одличоп сочувано возило...
Имаше отворена тема, од кого би купиле возило...
Е па дечки еве ви пример од каков човек се купува возило...
Се разбира доколку се одлучи за такво нешто :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен bobi010

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 448
Одг: Тојота РАВ4
« Одговори #7 на: 27 Јуни 2012, 17:49:39 pm »
Колата како од салон да е излезена :)

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Тојота РАВ4
« Одговори #8 на: 27 Јуни 2012, 17:55:18 pm »
Стакло е тојоткава...Одличоп сочувано возило...
Имаше отворена тема, од кого би купиле возило...
Е па дечки еве ви пример од каков човек се купува возило...
Се разбира доколку се одлучи за такво нешто :)

Фала Сале на убавиот збор.

Стварно колата кога седнуваш во неа сеуште мириса и се осеќа ко нова. Да не правиме муабет дека работи, влече исто кога беше нова.

Внатрешноста е чистена хемиски еднаш годишно, а пластиката обавезно на секои 2 недели е прскана со силиконски спрејови и слични козметики. Буквално ниту едно место ниту крцка ниту мрда внатре.

Дупка кога поминувам сеуште не се осеќа, нема звуци, тропање...

Инаку не планирам да ја продавам, планот е да ја извозам дури не и паднат тркалата :D Верувам само така ќе и видиш лезет на една кола ако ја чуваш и пазиш секој ден.

Инаку после 100 илјади километри би требало да се јават некои проблемчиња, што од суспензија, што од диференцијал, што ете од водна пумпа, ама воглавном ефтино се санираат. Пример, водна пумпа е 200 евра нова со монтажа во Тојота, да се распрашам може и поефтина да се најде некаде. Реално гледано ефтино одржување има и ОК потрошувачка, маните се во козметиката и ограничената дополнителна опрема...

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Тојота РАВ4
« Одговори #9 на: 27 Јуни 2012, 17:56:48 pm »
Колата како од салон да е излезена :)

Верувај кој седне истово ми го вели, кога ќе му покажам сообраќајна дека е преку 4 години стара и скоро 100 илјади км не им се верува :D

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Тојота РАВ4
« Одговори #10 на: 27 Јуни 2012, 18:45:23 pm »
Моторот и внатрешноста почисти од многу наши клиники, браво секоја чест одлично ауто. :)

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2513
  • Дете Битолчанче
Одг: Тојота РАВ4
« Одговори #11 на: 27 Јуни 2012, 18:53:17 pm »
алал да ти е брат за педантноста то ме бендисва ! ;D

создравје да си ја возиш и уште многу безгрижни километри :D

Тојота е машина старио мој имаше поминато 800 000км со королата негова пред да ја продај :)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Тојота РАВ4
« Одговори #12 на: 27 Јуни 2012, 18:59:45 pm »
Моторот и внатрешноста почисти од многу наши клиники, браво секоја чест одлично ауто. :)

Фала ти, убаво е да се има навика на чистење, еднаш ако запустиш кола после џабе ти е...Поготово ако поминуваш подолго време внатре треба да ја чистиш, и тоа убаво. Денес барем има многу средства достапни и лесни за ракување, спрејови...

Инаку тркалата кои ги возам преку лето се 17ки, фабрички има и 18, 19 и 20ки иста форма ама гумите се многу поскапи за таа димензија и не е ист возачкиот комфорт, па затоа јас само на 17ки ја возам.

Кај нас најчесто го возат дизелот, ама кај него нема опција аутоматик и доаѓа со многу скапи играчки како DMF, DPF итн и за мене подобра опција беше бензинот. Башка овој тип на мотор изгледа е најпогоден го ставаат во други коли, корола, камри итн.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Тојота РАВ4
« Одговори #13 на: 27 Јуни 2012, 19:01:42 pm »
алал да ти е брат за педантноста то ме бендисва ! ;D

создравје да си ја возиш и уште многу безгрижни километри :D

Тојота е машина старио мој имаше поминато 800 000км со королата негова пред да ја продај :)

Хаха, фала ти, ќе направам повеќе слики друг пат...

Што имам пребарувано низ форуми најмногу километри на ваков РАВ имам видено во Америка околу 350 илјади без никакви проблеми и скоро фабричка состојба, нормално гаражиран и редовно сервисиран, докажано ауто па верувам ќе служи уште многу време, да не го урочам.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Тојота РАВ4
« Одговори #14 на: 27 Јуни 2012, 19:47:45 pm »
Секоја чест за педантноста и одржувањето, како ново !

Уште долго долго да те служи без проблем ! ;)