Конечно најдов време да го покажам и мојот миленик.
Средина на 2008 година, 2.0 бензин, 158 коња, 4 цилиндри, 16 вентили, 4 пута 4 погон, аутоматик мењач.
Во принцип ова пакет Тера (најосновниот пакет, ама додадени се толку многу работи што слободно може да се каже дека е блиску до егзекјутив пакетот.
Дополнителна опрема, аутоматик мењач, греачи на седишта, најскапото радио со 6 цда рдс (без навигација) небрендиран JBL (ми бараа 35 евра лепенката ЈБЛ! Им реков гонете се) со пропратно ЈБЛ озвучење, на МАКС КОРНЕ! стварно добар звук дава, нема кожа ама стварно добар штоф, 3 сета бандажи (16ки челични црни, 16ки челични сребрена боја и 17ки алу фелни), моментално се возат Мишелин Латитуд Тур ХП гуми, горе има шини на кои се закачуваат 2 метални држачи кои крепат до 100 кила (скии, кану, куфер), блокирачки диференцијал, контрола на спуст...отприлика тоа е мислам, прилично е гола, ама тоа е секоја Тојота во тера пакет поготово споредена со други коли.
Се приближувам до 100.000 км, секогаш правен редовен сервис во Тојота на секое 15.000 км според книга, масло од Тојота препорачано фул синтетик, немам буквално ништо сменето дури ни сијаличе а ни плочки на кочниците, сеуште бааѓи месо имаат...Филтерот за воздух го менувам на дупло од препорачано зошто е солза чист, дури мајсторите се чудат... Претежно ја возам на отворено. Никогаш не е гаражирана, нон стоп надвор, редовно чистена и перена, ако нешто многу ме нервира тоа е нечиста кола, затоа во секое време колата ми е како тогаш од салон купена...Мал пример, моторот го чистам околу наоколу со обично средство на секое 2 недели, никогаш не е перен, еве како изгледа гнасен
На последната проверка на подвозје пред 2-3 недели буквално немаше ниту еден милиметар рѓа, колата е возена во најекстремни услови (снег, мраз, планини, -30 целзиусови) па се до југ на Шпанија, Мароко... Во зима се пери 2 пати неделно со перење на шасија и восок...
Потрошувачката на автопат е минимална 7 литри, најчесто е 7.5/8 (со возење до 120) побрзо троши и повеќе. Најминимална потрошувачка имам извадено 6.3 ама ептен во идеални услови и не верувам дека пак би се случило. Во град ги јаде 10/11, а комбинирана за сите овие километри е 9.3 литри. Троши малку повеќе поради аутоматикот, ама па затоа ептен лагоден е за возење.
Единствена мана би било при последниот сервис ми фалеа околу 200 грама течност за ладење, веројатно некој семеринг на водна пумпа попуштил, проверена беше но исправна е и не тече па оставив за наредниот сервис да ја сменам поради превенција, иако досега не фали воопшто течност. Масло ниту грам нема потрошено а јас ја возам убаво на автопат, некогаш и троа побрзо.
Исто ја имам и оваа решетка за куче, јас додуше ја користам кога треба да го товарам багажникот
Тоа е отприлика, фантастично возило за секоја прилика, и мало и големо, одлично за по планини и авантури а истовремено супер комфорно на автопат и до некаде лесно за снаоѓање низ град.