Од лично искуство. Јас колата ја купив од дипломат во МК, по навршување на 3 години и месец од прва регистрација. Му платив колку што се договоривме, немаше други давачки, како царина, ДДВ, акциза или што и да е. Е ќе треба да платиш целосна регистрација на возилото (не можеш да ја искористиш постоечката што е веќе платена за четвртата година), и регистрацијата ќе ти важи од денот кога си ја регистрирал на свое име.