На мое барање и ризик, задната шоферОшајбна + задњите лептири ја добија фолијата од надворешна страна, додека на стаклата од вратите си се класика, од внатрешна страна, и тоа од следните причини:
- Доколку се предомислам за фолијата, ќе ја извадам без можни последици по греачи на задно стакло
- Изгледот на фолијата е како фабрички тонирани стакла, па така не се гледаат линиите од греачите, и малите точкички на преминот од црните рамки спрема средина на стаклото.
Колата досеа е перена дестина пати, и нема никаков проблем по фолијата. И да има, ќе добие нова.
Лепењето од надвор го видов на амерички форум и разбрав дека е чест случај по америкиве.
Наредно во врска со фолиите, е ќе бидат заменети со фолии со максимална УВ заштита, оние што ги бараше Симо, доколку добавувачот на дечките им ги донесе, иако и со овие има приметна разлика во загревање на колата ( Во неа комотно се влегува, после неколку саати на сонце за разлика од порано).
Впрочем причината за фолиите беше токму таа, со оглед дека барав ( и добив ) мало затемнување, кое нема да ми смета во ноќно возење.