Најпрво благодарам за сите совети.
Јасно ми е тоа за колку пари толку музика, само во случајов не е секогаш така. Има зафати кои не се скапи а придодаваат попричино перформанси (пример ремап од 300 евра кај турбо мотор), и работи кои чинат многу а добивките се маркинални (пример акрапович издув од 2000 евра).
Во мојот случај, гледам да најдам некој разумен апгрејдд. Е сега конкретно јас сакам да добијам помоќно возило, а не сакам возилото да ми брмчи, ниту пак би дал денар за да добијам незнам каков звук. Сакам само возилото да има повеќе снага на средни вртежи, на кои најчесто и го возам.
Е сега во случајов, од она кое го прочитав за Мазда 6 само за поголемите мотори 2.0 и 2.3, пишува дека катализаторот е одличен и воопшто не е рестриктивен. За издув на мазда6 форумот имаше еден кој сменил цел издув од мотор па се до крај, со цевки со 25% поголем пресек, спортски лонци и спорстки катализатор. Од тоа на крај добил 4% поголема максимална моќност т.е. од 167 коњи максимална снага според динамометар, добил 173. Разлики меѓу графиците пред и потоа кај неговиот случај започнаа над 3500RPM. Значи ефект од комплетно сменетиот спортски издув до 3500RPM нема.
Значи кај мене само со вадење на катализатор и менување на лонецот е прашање дали ќе добијам 1% подобрување, или 1-2 коњски сили повеќе максимална моќност и тоа на релативно високи вртежи. Таа инвестиција од 100 евра не ми се исплати.
Од останатите инвестиции кои ги имам в предвид е печурка K&N филтер. Како што пишуваат на истиот тој форум, кутијата за филтерот на Мазда 6 1.8, 2.0 и 2.3 за воздух е многу рестриктивна и нема никаков ефект од панелен филтер. Печурката од и-беј чини 120 евра. А со неа како што велат се добиваат од 2 до 3% повеќе снага во просек и тоа е забележително на ниски и средни вртежи, токму каде ми е најпотребно појачување. Е сега пак придобивката е само 3 коњи.
Понатаму е промена на свеќички. Како што пишуваат, добрите свеќички помагаат моторот да работи посинхроно и порамномерно. Со тоа се намалува потрошувачката воопшто, но и маргинално се зголемува снагата, поготово на висок обрт. Во споредба со обични свеќички можат да придодадат до 1~2% максимална моќност. NGK Iridium IX ќе ме чинат околу 40 евра.
И последно, и единствено валидно за да забележам разлика во перформанси, е ремапирањето. Од сите куќи кои се бават со чип-тјунинг, Piasini engineering ветува најголеми придобивки. Прочитав за нив, и горе-долу корисниците се задоволни. Дечките ветуваат зголемување на максималната снага за 17KS и максималниот вртежен момент 21NM. Ремапот ќе ме чини 350 евра.
Значи за 510 евра можам да ги направам последниве 3 зафати со кои реално би добил од 10% до 18% зголемена моќност и од 10% до 15% зголемен вретежен момент, или 190NM максимален вртежен момент кон 4000~4300RPM и 140KS максимална снага кон 5500~6000RPM. За уште 20 евра можам да го извадам и катализаторот, па можда и ќе капне уште еден коњ пик од тоа.
Да сме здрави и живи, утре одам на шопинг во престолнината на Егејска Македонија, па во зависност од тоа колку помалку ќе потроши женами, толку повеќе апгрејди ќе направам.
Најверојатно ќе останат пари за K&N печурката и свеќиците. За месец-два ќе дојде и ремапот на ред.