Автор Тема: Здравје, медицински установи, опрема и стручност на персоналот  (Прочитано 1423239 пати)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Се јавив сабајлево во ЕуроИталија за да прашам кога имаат, се консултирав со доктор Велешанец и ми вика така си блиску ако сакаш дојди и одма ке направиме.
Запаливме кола претрчавме одма, ми дадоа цд и во Понеделник ке стаса резултат/мислење од докторот (не знам кој доктор само ке го чита)

Докторот што ме снимаше се вика Роберт и ми кажа дека проблемот ми е кај L5 дека е тој што притиска. Имало и на L3 погоре но ептен минимално бил тој. Рече дека не било ништо опасно само морало пазење, без кревање тежина и без нагли потези. Рече дека обично ова мине со терапија на физикална за 3-6 месеци, или со некои магнети што се ставале на кичма вајда...

Ке ги почекам резултатите и ке одам во Систина, сакам да ми даде мислење Лозанче. Пред 20 години мајка ми ја спаси од операција и слушам дека бил еден од најдобрите во Македонија, па ке видиме.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Treba ojacuvanje na muskulite i so toa ke se popravi samoto drzenje i ke nemas problem .... I jas imam i od mrza ne vezbam.

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Правилно држење на телото, истегнување и зајакнување на мускулите..ако ви се пружи шанса користете ја..на тоа се надевам јас сега :)
New blood of old school

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Се сложувам со тоа дека треба ојачување на мускулите, но ми е страв да почнам со теретана да не се дозаебам бетер.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Теретана е само ако сакаш да се спремиш за операција, доволно вежби има за дома за зајакнување на основата (core muscles exercises) шо вероватно не ти ни постојат како мускули од залежаност,  тек по месеци константно вежбање кога ќе осетиш дека основата ти е зајакната и не ти претставуваат никаков терет веќе вежбите може пажливо во теретана,  ма да  98% може да се дефинираш без справи дома, само вратило,  два стола за разбој,  и типови на склекови со различен интензитет и тежина.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Пешачење сега, па потоа може да почнеш со вежби. Ако од некоја вежба имаш болки, прекини веднаш. И не теретана само истегнувања сега па после јачање на мускулатура
New blood of old school

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Ne teretana, bez tezina vezbi. Moze i po doma

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10461
абе в теретана ако ојш да се силиш со некој што вебват од 15 год. секако дека ќе се искилајш, ако вежбаш со некој вичен нема да се поебеш.
Тоа ко ќе ти кажи доктуро дека мојш да ојш, ако ти рекле дека не треба за сега не оди. Ако не е дискот истечен ќе спасиш г'з :) мада со декомпресија би требало да се ублажи дефектот и ппсле да се одржава т.е. да вежбаш. ние сме создајни да се движиме, 2 недели да се залежиш одма се топат мускулите.

https://m.youtube.com/watch?v=aAjN8zS7Idg

оваа вежва е исто добра за да ги затегниш мускулите, од почеток помагај си со рацете, па после пробај со сукало ( наместо тег), па после како мртво/чучњеви без ништо или со сукало за ориентација, ако е до мускулите ќе се опраат.
Ама прво на физикална ќе појш и тамо ќе ти кажат што точно да прајш :) ама мораш да продожиш и дома да ги прајш.

е сега да знајт некоја да крцкат, да ме истегнит убо...

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10461
П.С. а ако си залежан и да си здрав почни со аеробиг, и ко ќе се префрлиш в теретана ќе вежбаш со 30-40% првите 2 недели од максимумот па постепено ќе накачуваш до тоа што ти е максимум. Имаше Дени 5х5 програм постирано во темата за билдовање, ко ќе станиш по напреден тоа би било добро да го почниш. Секое движење в теретана треба да ти е ппд контрола и глатко, не да користиш инерција или да се тајташ цел, така се прават најчесто глупости. али прво опрај се :)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3479
Ќе си ги правиш дома истите вежби што ќе ги правиш на физикална, и ќе се зајакне мускулатурата со тек на време.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Другар ми 3 години се мачеше со болки во половина, и потфатен нерв од што го болеше и скоро цела нога. Што се не проба и од лекарства и од вежби... Кола нова си купи, не ја извози ко што сакаше зошто после 30 минути возење му стануваа болките неподносливи.

Си доби совет од доктори да си почне со вежбање со личен тренер кој исклучиво му ги таргетираше мускулите во јадрото (натколеници, газ, стомачни и долни грбни) со различни динамики, па откако ги ојача тие на почеток, продолжи со вежбање на сите останати мускули.

Нека ти излезат снимките од магнетната, па ако немаш некое опасно оштетување на 'рскавица/диск, би ти препорачал да си се распрашаш за лични тренери во Велес - како бонус бенефит ќе добиеш и средена исхрана за да ја адресираш тежината што си ја накачил поради намалената мобилност. :)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Tocno, core treba da se zajaca

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Може и да НЕ треба. Може да има дисбаланс и да треба само НЕКОИ делови да се засилат.

На пример кај anterior pelvic tilt треба да ги засилиш газот и задна ложа, а баш да не ги пипаш долниот грб и квадрицепсите. Како пример ми беше ова за некој што 10 години се мачел со кичма и после малку муабет за како да стои, и дека газот треба да го вовлече, и малку погрбаво да стои и главата да ја тера наназад проблемот е решен трајно. Со зборови! А камо ли и да се додаде правилна дистрибуција на вежби.

Се разбира ако нема некој проблем со дискови и слично. Тоа си е друго.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Мартин ме потсети колку се измалтретирав со Меганот, мислев дека е до мене и малку фалеше да почнам по доктори, се додека не ја купив и10 за жената :)
Му се серам у седиштето меганско :)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Пристигнаа резултатите од магнетна, иако ништо од тоа не разбирам јас. Вчера бев кај физикална кај докторката, вика не е ништо страшно ама за твои години не треба да го имаш. Тоа е што е јбг.
Ми рече правилно движење и газење иако има болки на ногата и повеќе движење него ли седење.

Планирам да одам на ортопед да каже мислење што како. Во меѓувреме пијам едни апчиња еден час пред јадење (нз како се викаат 10 ми дадоа) и Етоксиб.
Бев пред малку да земам мерка за појас некој што ми го препишаа.

Дали има некој со др. Златко Темелковски, или со таа ординација? Доста луѓе го пофалија што слушнав, па сакам да закажам разговор кај него.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that