@Ipkisija MeskosaБаш тука од Влае преку мост Обединети Нации кога влегуваш во Карпош, пешачкиот дел од Партизанска е зафатен со паркирани автомобили залепени скоро до новите згради). На другиот дел од пешачката патека постојано поминуваат аута. Тротоарот е велосипедска стаза... Каде да поминеш за да дојдеш на другата страна од Партизанска?
Опција 1, да преминеш преку булеварот на необележан пешаки премин. Опција два, да играш Frogger преку пешачката патека со автомобили и паркирани автомобили. Опција 3, да идеш по тротоар и да ризикуваш електрични тротинети кои се движат по 30-40 км/ч.
Не е само тоа.
Паркираш да се симне сопатник на Партизанска (на пример). Се вртиш лево десно, нема никој блиску по велосипедска патека... Отвараш врата наеднаш се залепува камиказа со тротинет што лета со 30-40 км/ч.
Или вртиш од булевар лево преку пешачки и неднаш ти излетува камиказа со тротинет што лета со 30-40 км/ч.
Или имаш 85 години, и стапнуваш на тротоар за да преминеш улица на пешечки премин. Ама имаш послаб вид па си видел камиказа со тротинет што лета со 30-40 км/ч, пошто во моментот кога си погледал бил предалеку за да го видиш.
Ова се само мал дел можни ситуации кои покажуваат дека огромен дел од проблемот се камиказите со тротинет што лета со 30-40 км/ч по места во основа се тротоари ама кои некој заради политички поени ги преименувал во „велосипедски патеки“. Затоа кажувам дека во Скопје освен на Кеј и нема вистински велосипедски патеки. И затоа кажувам дека треба во фирмвер да бидат ограничени на под 10 км/ч.
Ako уште не се разбираме, еве слики со пример што уствари е велосипедска патека но биди сигурен дека дури ни таму не возат со тротинети по 30-40 км/ч на овие патеки:

